ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Радев: За решавање на билатералните прашања меѓу Бугарија и Северна Македонија е потребна политичка волја и активен дијалог

March 26, 2021 17:40
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Напредокот на Република Северна Македонија кон полноправно членство во Европската Унија е стратешка цел за Бугарија. Сепак, неговото спроведување зависи од подготвеноста и политичката волја на Северна Македонија да ги исполни критериумите за членство во ЕУ и почитувањето на правата на граѓаните кои отворено го изразуваат својот бугарски национален идентитет. Ова го изјави претседателот на Бугарија Румен Радев за време на експертската дискусија за состојбата и перспективите за развој на односите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија, што се одржа денеска на негова иницијатива.

На дискусијата присуствувале и потпретседателот Илиана Јотова, како и бугарски научници, експерти, дипломати и новинари.

Учесниците на дискусијата, како што информира дописникот на МИА од Бугарија, истакнале дека европската интеграција на сите земји од Западен Балкан е од стратешки интерес за Софија и дека тоа ќе придонесе за зајакнување на демократските процеси и унапредување на добрососедските односи и економскиот раст во целиот регион.

– За решавање на прашањата во билатералните односи меѓу Бугарија и Република Северна Македонија е потребна политичка волја, активен институционален дијалог и постигнување неповратност во градењето добрососедски односи, рече Радев.

Според бугарскиот претседател, трајното надминување на натрупаните противречности нема да се постигне само со политички декларации и затоа е неопходна комуникација и посветеност на институциите на сите нивоа, како и разум од двете страни.

Бугарија очекува нејзиниот југозападен сосед да работи на создавање на сите потребни услови за слободна економска, културна, медиумска и информациска размена од двете страни на заедничката граница.

Според експертите кои учествувале на дискусијата, од клучно значење за развојот на билатералните односи е ставањето крај на дискриминацијата против граѓаните во Република Северна Македонија, кои отворено го изразуваат својот бугарски национален идентитет.

Според учесниците во дискусијата, занемарувањето на низа аспекти од билатералниот Договор за пријателство, добрососедство и соработка од страна на Република Северна Македонија ги става под прашање изразените желби за градење добрососедски односи со Бугарија. Затоа, Бугарија треба да инсистира на гаранции во врска со почитувањето на правата на Бугарите во Република Северна Македонија, кои треба да бидат законски регулирани и спроведени во пракса, а постигнувањето на одржливи и неповратни резултати во оваа насока да стане предуслов за напредок во процесот на европска интеграција.

извор: МИА

Next Post

Дивата депонија кај Мрзенци ќе се претвори во место за одмор и рекреација

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk