ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Можен е договор со Мицкоски за користење отпечаток од прст на изборите и вакцинирање на попишувачите

March 26, 2021 11:45
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев денеска изјави дека верува оти по понеделничката средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, договорена синоќа, ќе соопштат дека е најдено решение помеѓу големите политички субјекти за Изборниот законик, и воведувањето на отисок на прстот или фингерпринтот на следните избори. Најави и можен договор за вакцинирање на попишувачите, но претходно во консултација со Комисијата за заразни болести.

-Верувам дека Собранието многу брзо ќе го стави на дневен ред за да го решиме тоа прашање затоа што имаме уште за работа во Изборниот законик, а тоа е да ги вградиме препораките на ОБСЕ/ОДИХР, а и да ги определиме изборните модели. Се залагаме за отворени листи за претстојните локални избори каде што граѓаните ќе може да го изберат советникот од листата на советници од секоја политичка партија. Би требало да ја отвориме и конечно да ја затвориме успешно демократизацијата на државата преку новиот модел на гласање за парламентарни избори кога и тие да се случат, рече Заев.

Негова заложба, како што кажа, е тоа да бидат редовните избори 2024 преку една изборна единица којашто ќе им даде можност и на малите политички партии да бидат посоодветно застапени во Парламентот, а ќе ја демократизира и постапката со диверзификација на повеќе претставници во македонскиот Парламент.

-Така што имаме многу што да разговараме, но секако најважно е да седнеме низ дијалог да изнаоѓаме решенија затоа што постоиме да им служиме на граѓаните, рече Заев.

Во својата изјава дадена на настан во Делчево, премиерот рече дека без разлика на која функција и да биде, тој би сакал опозицијата и владејачките партии да соработуваат и оти верува дека така преку заедништвото двојно или тројно ќе се зголеми успехот на државата. Од тој аспект ја прифатил и поканата на претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски и договориле да се видат во понеделник во 13 часот во Клуб на пратеници.

-Секако ќе разговараме за одблокирање на сите оние блокирани постапки коишто вчера дадоа сигнал дека можеме да ги решаваме, како што беше веднаш прифаќањето од страна на претседателот на Собранието и на парламентарното мнозинство предлогот на опозицијата да се стави приоритет – гласањето на законите коишто значат помош и поддршка за населението, за ранливите категории на граѓани, за работните места, за компаниите итн. Веројатно тоа треба да ни биде охрабрување да се најде решение за сите други прашања коишто за жал се блокирани во Собранието, рече Заев.

Притоа наброја економските проекти, едниот за енергетска ефикасност значи промена на фасада, системи на греење, прозорци и врати, нови подови и комплетно енергетско ефикасно организирање на детски градинки, болници и здравствени институции низ државата, а блокирани се и проектот од 50 милиони евра за зголемување и јакнење на продуктивноста на земјоделството со отворањето на трите големи откупни пунктови, трамвајот на тркала за Скопје, четирите закони од областа на енергетиката, Клиничкиот центар проект вреден 500 милиони евра и многу други проекти.

За најавата за бојкотирање на пописот и неотворање врата на попишувачите, премиерот смета дека тоа се само поединци и уште еднаш ја потенцира одговорноста што ја имаме како граѓани пред нашата татковина, нашата земја и пред идните генерации.

-Ќе ја искористам приликата да зборувам со г. Мицкоски за ваквите изјави. Не е суштината на казната од 200 или 300 евра, таа е голема, не е мала, но се надевам дека нема да ја има заради тоа што секој од нас граѓаните може да оддели не повеќе од 10 минути и конечно по 20 години да имаме попис во нашата земја, рече Заев.

Тоа, како што рече е многу важно, за Делчево, за источниот дел на државата, за централниот, за западниот дел, за цела наша земја. Заев верува дека пораката што ја испрати синоќа Мицкоски дека ако се вакцинираат попишувачите, а тие се секако планирани во првата категорија на граѓани за вакцинирање, ВМРО-ДПМНЕ јавно ќе дадат поддршка за пописот.

-Тогаш ќе бидеме навистина сите политички субјекти пропописот, освен Левица која што исто така ја користам приликата да ги повикам двајцата пратеници во Парламентот, а секако и нивните структури во партијата  да се приклучат и тие на оваа многу важна статистичка операција во нашата земја. Така што, ако онака како што е планирано во недела да стигнат вакцините ние можеме пред први да ги вакцинираме попишувачите. Очекувам секако Здравствената комисија тоа да го каже, заради тоа што така беше и разговарано, а тоа ќе биде важен момент и опозицијата да даде поддршка. Но, да не прејудицираме во понеделник ќе имаме состаноци па ќе се обидеме да најдеме решение, рече премиерот.

извор: МИА

Next Post

Пладневен преглед: Ќе има тет-а-тет средба меѓу Заев и Мицкоски, според Јовановиќ, Апасиев е паразит и штетник со една цел, а тоа е да го сруши системот одвнатре, во недела пристигаат 24.000 вакцини АстраЗенека

НАЈНОВО

Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

„Лукоил“ најави продажба на своите меѓународни подружници поради санкциите

October 28, 2025

НИС нема одговор зошто се блокирани милион барели казахстанска нафта за Србија

October 28, 2025
ВИ

По земјотресот во Турција со јачина од 6,1 степен, повеќе од 100 последователни потреси

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk