ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Николовски: Со пописот добиваме точни податоци за потребите на граѓаните

March 27, 2021 16:31
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со спроведувањето на пописот добиваме точни податоци за правилно насочување на ресурсите и мерките за одржлив развој во здравството, обазованието, социјалнита заштита, животната средина, бизнис секторот, изјави вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криманлот, одржлив развој  човечки ресурси, Љупчо Николовски.

Тој посочи дека владин приоритет и грижа е да се воспостави одржлив развој во секоја област, а целта е таа одржливост да се одрази во образованието, во зачувување на животната средина, здравството, социјалата, економијата, насекаде каде што државата е сервис во служба на  граѓаните. За сето тоа да се спроведе од исклучителна важност е спроведувањето на пописот.

-Со добиените податоци од пописот добиваме јасни насоки за да ги оствариме 17- те цели за одржлив развој на кои, како членка на ОН, се обврзавме дека ќе ги оствариме до 2030 година. Овие цели обединуваат три димензии: економска, а тоа се ефикасно располагање со економските ресурси, генерирање на  развој и раст, животна средина, односно природните ресурси, заштита и одржливо користење на природата, превенција и борба против загадувањето и социјална димензија што подразбира солидарност, борба против сиромаштија и социјални, рече вицепремиерот Николовски во видео обраќање.

Целиот процес во услови на пандемија, истакна, е безбеден, за што се подготвени специјални здравствени протоколи и обуки за попишување, за заштита на здравјето на попишувачите и попишаните.

-Со пописот добиваме точни информации, кои се потребите на граѓаните,  каде се потребни нови градинки и училишта, каде е потребен стручен кадар за помош за лица со попреченост, нови болници, ефикасни политики за инвестиции, за располагање со работна сила и други податоци важни за политиките за одржлив развој. Државата се сака со поддршка на процеси кои значат развој и подобар живот за граѓаните, и тоа е патриотски чин, патриотски е да си ги кажеш корените. А тоа го овозможува пописот, бидејќи во графите за попис стои Македонци,а  добиваат можност да се попишат и Албанците, Турците, Бошњаците, Србите, Ромите, рече Николовски, додавајќи дека придобивките од пописот се огромни и затоа е потребно обединување, а не бојкотирање на овој процес.

извор: МИА

Next Post

Разни видови оружја пронајдени при претрес во Чаир

НАЈНОВО

АВМУ: Денеска на полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за вториот круг од Локалните избори 2025

October 27, 2025

Д-р Трајановски: Чист, безбеден и достоинствен Аеродром е мојата визија за современа и хумана општина

October 27, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Како Маите можеле точно да ги предвидат затемнувањата на сонцето со векови

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk