Зухаир Мурад очигледно не си наметнувал рестрикции кога станува збор за гламурот и раскошот додека ја креирал колекцијата висока мода пролет/лето 2021.
Инспирирајќи се од дрвото кедар, кое е застапено во неговиот роден Либан, популарниот дизајнер тежнее да ја прикаже силната страна на жените и нивната издржливост.
„Женственоста толку многу често е славена со цветни дезени, што забораваме дека жените исто така можат да бидат силни и истрајни. За сезоната лето 2021, Зухаир Мурад изненадува со извонредна колекција висока мода инспирирана од Кедарот“ – појаснуваат од брендот.
Иако вообичаено Мурад ги прикажува своите колекции на Париската модна недела, поради пандемијата, и оваа колекција беше презентирана со фотосесија.
извор: фемина.мк