Претседателот Стево Пендаровски, по денешната седница на Советот за безбедност, ѝ се заблагодари на Србија за вакцинирањето на македонски граѓани изминатиот викенд, но рече дека тоа е срам на за нашата држава.
„Гледавме слики од викендов во Србија, такви слики едноставно не може да се повторат. Благодарност до Србија, но тоа беше срам за нашата држава. Едноставно е, државата мора да пружи здравствена заштита тука. Точно е дека се потпиравме на Ковакс кој задоцни 2 месеци, точно е дека верувавме во Солидарниот фонд на ЕУ, точно е дека од 5 најбогати членки на ЕУ ниту една нема вакцинирано ниту 5% од населението, точно е дека според СЗО околу 80 проценти од вакцините се распоредени во 10 земји во светот. Но тоа нашите граѓаните не ги интересира“, рече Пендаровски
Тој констатираше дека е точно е дека верувавме во Ковакс системот и во солидарниот фонд на ЕУ, но тие задоцнија со месеци, како и дека е точно 80 отсто од вакцините се распределени во 10 отсто од земјите, но тоа не треба да биде оправдување.
Пендаровски упати апел до приватните болници да се откажат од профитот заради здравјето на граѓаниите.
„Не треба лични трагедии да ги користиме за лични бенефити“, рече Пендаровски.
Денешната седница на Советот за безбедност беше 12 по ред. Советот е највисокото советодавно тело во државата и ги разгледува прашањата сврзани со безбедноста и одбраната на Републиката и дава предлози на Собранието и на Владата.