ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Презентиран Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2021/2022

March 30, 2021 18:08
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев и министерката за образование и наука Мила Царовска денеска на прес-конференција го презентираа Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2021/2022 година во Република Северна Македонија.

Конкурсот е објавен на веб-страницата на Министерството за образование и наука (МОН) и е достапен на следниот линк https://mon.gov.mk/content/?id=3850, а од утре ќе биде објавен во печатените медиуми, на македонски и на албански јазик, во „Слободен печат“ и „Коха“.

Министерката Царовска нагласи дека првпат конкурсот е донесен во социјален дијалог со локалните самоуправи и со реалниот сектор и додаде дека и во иднина на тој начин треба да се креира уписната политика во средните училишта и во иднина. Таа потсети дека кампњата „Учи паметно, работи стручно“ се одвиваше низ 19 настани во разни општини и заедно со стопанските комори, локалните самоуправи и училиштата утврдиле кои се потребните профили што треба да се отворат во одредено училиште или кои треба да се стават во мирување.

Царовска како придобивки од стручното образование ги истакна: брз и успешен настап на пазарот на труд на секој ученик што ќе заврши средно стручно образование, добра основа  за понатамошна високообразовна надградба, гарантирана добра заработка и финансиско осамостојување на младите кои побрзо можат да дојдат до работни места и компаниите добиваат подготвени и веднаш вработливи кадри. Посочи на политиката за стипендирање, која, како што рече, Владата ја донесе на претпоследната владина седница.

– Со Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2021/2022 година во 109 средни училишта предвидени се вкупно 30.053 слободни ученички места во 913 паралелки. Од кои 19.602 во стручно образование во 604 паралалеки, 9.261 ученик во гимназиско образование во 274 паралелки и 1.190 ученички места во 35 паралелки за уметничко образование, спортска академија, спортска гимназија и математичко-информатичка гиманзија, рече Царовска.

Министерката Царовска нагласи дека фокусот е ставен на средното стручно образование, кое, како што рече, е образование на сегашноста и на иднината. Апелираше учениците да се запишат во средните стручни училишта.

Премиерот Заев нагласи дека кампањатата „Учи паметно, работи стручно“ била успешна и дала ефект и изрази благодарност до стопанските комори, до сите компании што ја поддржале, до Швајцарската амбасада, Германија, УСАИД, УНДП…

– Анализата на МОН, во која учествуваа 450 компании, покажа дека дури 85 отсто се подготвени да соработуваат со средните стручни училишта и да примаат ученици на практична настава, нешто што е многу важно за создавањето на стручен и квалитетен кадар, рече Заев. Додаде дека заложбата и посветеносата на Владата е да ги развива зацртаните стратешки цели, меѓу кои се развојот на економијата, зголемување на продуктивното вработување и подигнување на животниот стандард на граѓаните. /МИА/

Next Post

Заев: За одлагање на пописот очекувам поддршка од сите партии

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk