ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Влегувањето на Француската агенција за развој во земјата е дополнителна поддршка за нашиот евроинтеграциски процес и силен сигнал за зајакнување на односите меѓу Северна Македонија и Франција

March 30, 2021 12:04
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев прими делегација на Француската агенција за развој предводена од регионалниот директор за Западен Балкан Доминик Отберг, придружуван од амбасадорот на Република Франција во нашата земја Сирил Бомгартнер, соопштуваат владини извори.

На средбата, на која присуствуваше и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, премиерот Заев изрази задоволство од неодамна потпишаниот договор за соработка со Француската агенција за развој, и истакна дека овој договор е од значење како дополнителна поддршка во достигнувањето на европските стандарди во нашата земја и истовремено претставува силен сигнал за зајакнување на билатералните односи меѓу Северна Македонија и Франција.

Премиерот Заев го оцени како исклучително значајно нагласеното внимание на Франција кон земјите од Западен Балкан во последните неколку години, како и стратегијата на Париз за поддршка на развојот и за евроинтеграциските процеси на земјите од регионот.

Амбасадорот на Република Франција Сирил Бомгартнер и во оваа прилика го повтори нагласениот интерес на Франција за регионот и додаде дека токму затоа од оваа година е зајакнато присуството на Француската агенција за развој на Западен Балкан и посебно во Република Северна Македонија.

Регионалниот директор за Западен Балкан на Француската агенција за развој Доминик Отберг од своја страна нагласи дека Франција и Агенцијата имаат нагласен интерес да учествуваат во повеќе проекти во Северна Македонија, со посебна нагласка на енергетиката, јавното здравство, образованието, урбаниот развој, земјоделството, животната средина и транспортната инфраструктура.

Француската агенција за развој, информираше регионалниот директор за Западен Балкан Доминик Отберг, има годишен буџет од 14 милијарди евра, и работи на 4.000 проекти во 115 земји во светот.

Next Post

Доследна, бескомпромисна и неселективна борба против корупцијата со широка и обврзувачка транспарентност, најави Спасовски

НАЈНОВО

Мециновиќ: Левица ќе биде обединувачка сила на сите антивладини гласови во Скопје

October 23, 2025

Мециновиќ прифати дебата со Ѓорѓиевски на телевизија Телма

October 23, 2025
Фото: МИА

Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk