Ве известувам дека и покрај моите целодневни настојувања за усогласување на ставовите на сите политички чинители во насока на постигнување на договор и одржување на двете седници на кои би се изгласале Предлог Законот за попис на населението, домаќинствата и становите, 2021 година и Предлог Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба, чиј што рок нагласувам дека истекува вечерва во 24.00 часот, не се постигна договор, известија од Кавинетот на Претседателот на Собранието, талат Џафери.
„Сите претставници на пратеничките групи и претставниците на политичките партии застапени во Собранието на Република Северна Македонија, изразија готовност за одржување на седниците, освен Алијанса за Албанците и Алтернатива. За понатамошниот тек ќе бидете информирани дополнително за време на утрешниот ден“, пишува во соопштението.




