ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Објавен Конкурсот за упис во средните училишта за 2021/2022

March 31, 2021 10:26
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за образование и наука денеска го објави Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2021/2022 година, според кој слободни се 30 053 места во 913 паралелки во 109 средни училишта.

Од вкупниот број слободни места,19 602 се во стручно образование во 604 паралалеки, 9261 во гимназиско образование во 274 паралелки и 1190 места во 35 паралелки се за училиштата од уметничко образование, спортска академија, спортска гимназија и за математичко-информатичка гимназија.

Министерката за образование и наука Мила Царовска вчера изјави дека во фокусот е средното стручно образование и апелираше учениците да го изберат затоа што, како што рече, тоа е образование на сегашноста и на иднината. МОН во февруари ја организираше кампањата „Учи паметно, работи стручно“ во општините низ земјава, во соработка со стопанските комори, локалните самоуправи и средните училишта, за да се утврди кои се потребните профили што треба да се отворат во одредено училиште или кои треба да се стават во мирување.

За да се мотовираат учениците да се запишат во средно стручно образование воведени се и стипендии. Како што соопшти Царовска, 1500 ученици кои ќе се запишат во паралелки за стручно образование со продолжено време поминато во практична настава во компании ќе добијат по 3.500 денари месечно во текот на учебната година, 500 ученици во прва година тригодишно образование исто така ќе добиваат по 3.500 денари месечно, а за 200 ученици од прва година од наставните програми во електротехничка струка, машинска, градежна, угостителска, ветеринарна, текстилна, кожарска ќе биде обезбедена стипендија по 2.200 денари.

Според роковите во објавениот Конкурс, пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со три пријавувања во јуни. Првото пријавување и запишување ќе биде на 14 јуни од 12 до 19 часот, на 15 и 16 јуни од 7 до 19 часот и на 17 јуни од 7 до 15 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето.

Ранг-листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 17 јуни, квалификациското тестирање ќе се организира во средните училишта на 21 јуни, а конечните ранг-листи со резултатите ќе бидат објавени на 21 јуни. Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 23, 24 и 25 јуни, а третото пријавување и запишување ученици ќе биде на 30 јуни 2021. Пријавувањето за упис во програмата Меѓународна матура во гимназијата „Јосип Броз Тито” – Скопје ќе се врши од 4 до 14 мај.

Во објавениот Конкурс се содржани условите за запишување и критериумите за избор на учениците, потребните документи за пријавување, како и насоки за спроведување на Конкурсот за упис на ученици во прва година средно образование за наредната учебна година.

извор: МИА

Next Post

Во масовната вакцинација Албанија го вклучи и воениот медицински персонал

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Претставничкиот дом денеска гласа за објавување на сите документи за Џефри Епштајн и Гилејн Максвел

November 18, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Јужноафриканец чека депортација откако му беше одземена австралиската виза поради учество на антисемитски неонацистички митинг

November 18, 2025

Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево сафари“

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украински борбен робот сам бранел позиција цели шест недели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk