ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шахпаска: Донацијата на инвалидски колички од турската Црвена полумесечина е потврда за одличната соработка, поддршка и пријателски односи со Р.Турција

March 31, 2021 12:26
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска заедно со заменик министерот  Енвер Хусејин, државниот секретар, Ресми Ејупи, генералниот секретар на Црвениот крст на Северна Македонија , Саит Саити, остварија средба со генералниот директор на Црвената Полумесечина на Република Турција, Ибрахим Алтан. Повод за денешната средба беше донација на инвалидски колички, слушни апарати и средства за хигиена  од страна на Црвената полумесечина за нашата држава,  наменета за лицата со попреченост како најранлива категорија на граѓани.

„Република Турција и Република Северна Македонија се  пријателски земји кои имаат  одлична соработка на многу полиња. За нас како ресорно министерство кое се грижи за најранливите категории на граѓани особено е важна соработката со хуманитарните организации,  затоа што секоја помош и поддршка е добредојдена,“ рече министерката Шахпаска.

Таа ја посочи соработката со  Црвениот крст на Македонија како  најстара хуманитарна организација во нашата држава, особено значајна пред се во време на пандемија , но и генерално сите изминати години. Притоа особено ја потенцираше одличната соработка со турската Црвена полумесечина од која што произлезе и денешната донација од сто инвалидски колички,  25 слушни апарати и пакети со хигиенски средства.

„Турската Црвена полумесечина и Црвениот крст на Северна Македонија припаѓаат во големото црвено  семејство, каде што членуваат околу 110 организации, браќа,  кои несебично си помагаат,“ рече генералниот директор на Црвената полумесечина, Ибрахим Алтан. Тој ја истакна  одличната соработка со Црвениот крст на Северна Македонија и изрази уверување за нејзино продлабочување во иднина.

Заменик министерот Енвер Хусејин информираше дека со донацијата ќе бидат опфатени неколку општини меѓу кои,  Радовиш, Струмица, Гевгелија, Робово и дел од Скопје. Тој ја истакна важноста на  соработката меѓу двете хуманитарни организации , Црвениот крст и Црвената полумесечина како особено значајна, за што потврдува и оваа донација која ќе одговори на потребите на дел од граѓаните кои припаѓаат на ранливите категории.

Соговорниците на денешната средба изразија задоволство од досегашаната соработка и убедување дека таа ќе продолжи и понатаму, со цел испорака на помош и поддршка на сите на кои им е неопходна,  со посебен акцент на ранливите категории на граѓани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Средба Османи – Кундурос: Скопје и Атина будно ја следат епидемијата, што поскоро отворање на границите

НАЈНОВО

Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

September 16, 2025

Началникот на ГШ на Армијата Лафчиски на конференција на САД-Јадранската повелба (А-5) во Тирана

September 16, 2025
Фото: ДЗС

ДЗС: Изгаснат пожарот во депонијата „Дрисла“ што избувна синоќа

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk