ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска: Со партнерства меѓу централната, локалната власт и со меѓународните партнери постигнуваме резултати

April 1, 2021 13:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со партнерства меѓу централната и локалната власт, како и со меѓународните партнери можеме да постигнеме одлични резултати изјави министерката за образование и наука Мила Царовска во Битола.

На промотивен настан во Студентскиот дом „Кочо Рацин“, министерката Царовска посочи дека лица со попреченост кои студираат на битолскиот Универзитет од денес ќе имаат подобри услови за сместување и студирање.

-Со партнерства меѓу централната и локалната власт, како и со меѓународните партнери можеме да постигнеме одлични резултати што се од интерес на сите што студираат во Битола и ги користат можностите на студентскиот дом кој од денес е пристапен за лицата со попреченост. Наша главна водилка низ поцесот на образование е сите ученици независно од нивниот развој да имаат еднаков пристап до сите услуги во основното, средно и високо образование, но исто така и пристап до сместувачките капацитети. Овој студентски дом во иднина ќе го користиме како модел за пристапност, но исто така и за начинот на кој условите и целата внатрешна инфраструктура се поставени, истакна Царовска.

Проектот „Изградба на инфраструктура за социјална инклузија во пелагонискиот регион, Центар за сместување и психосоцијална поддршка на лица од ранливи популации во државен студентски дом „Кочо Рацин“-Битола“ го имплементираа Центар за развој на пелагониски плански регион и Министерството за локална самоуправа.

-Министерството за локална самоуправа заедно со швајцарската развојна агенција успеаја да го реализираат овој проект кој беше идеја иницирана од Форум на заедницата. Поранешниот објект беше руина, а сега е прекрасно направен за што МОН даде итна согласност за негова реконструкција. Студенти со попречености ќе може да користат шест уредени соби, читална и кујна. Проектот чини 6 милиони денари и е реализиран успешно. Соработка меѓу македонската и швајцарската влада ќе продолжи и во наредните 3 до 4 години за што на располагање 6 милиони швајцарски франци и се надевам дека во Битола ќе има нови успешни проекти, посочи министерот во Министерството за локална самоуправа Горан Милевски.

На прес конференцијата во Битола се обратија и градоначалничката Наташа Петровска, швајцарската амбасадорка Сутер Тејада, директорот на ЦРППР Гого Видимче, и директорката на студентскиот дом Соња Карапец.

извор: МИА

Next Post

Пристигнаа 20.000 вакцини Спутник V, донација од Србија

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk