ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Францускиот Сенат со само 39 гласови ги усвои новите ограничувања поради епидемијата

April 1, 2021 18:33
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

 Во Горниот дом на францускиот Парламент денеска дојде до масовен бојкот, откако само 45 сенатори, од вкупно 348, одлучија да учествуваат во гласањето по обраќањето на премиерот Жан Кастекс и образложувањето на новите мерки за ограничувања, што сништи ги претстави претседателот Емануел Макрон, јави дописникот на МИА.

Од 45 сенатори кои зедоа учество во гласањето, 39 гласаа за ограничувачките мерки што ги воведе владата, а двајца гласаа против, додека 90 отсто од сенаторите одлучија да не учествуваат во гласањето.

-Претседателот на Републиката мора да разбере дека не може сам да одлучува,  истакна во дискусијата претседателот на социјалистичката група, Патрик Канер, кој го објасни бојкотот на социјалистите.

-Во оваа фаза, ние имаме нула стратегија за Ковид. Оваа дебата резултира во форма на инструментализација на Сенатот од страна на владата. Претседателот на Републиката мора да разбере дека не може сам да одлучува во бункерот на Советот за одбрана. Ова веќе не е можно. Ние сакаме да бидеме дел од одлуките. Ова заробување од еден човек е спротивно на нашата демократија. Тоа е порака, адреса што му ја испраќаме на претседателот на Републиката. Тој мора да смета на парламентот,  рече тој.

Вкупно шест групи на сенатори одлучија да не учествуваат во гласањето во Сенатот како групата Републиканци со која претседава Бруно Ретајо.

-Владата сакаше да не гласаме за ништо, за веќе преземените мерки. Која е поентата да се гласа? Сенатот не е комора за регистрација, не е место на лажни консултации, симулакрум. Оваа влада има многу широка моќ, но тие се концентрирани во една рака: онаа на Емануел Макрон кој одлучува за се. Но, ако ја споредиме француската ситуација со она што се случува на меѓународно ниво, има причина да жалиме. Во однос на вакцинацијата, ние сме на 55-то место. Многу земји се пред нас и вакцинираат многу повеќе од нас, изјави овој сенатор од десницата, кој се надева дека ова ограничување ќе биде последното. /МИА/

Next Post

Да се прогласи кризна состојба на јужната и северната граница, предлага Групата за процена на Владата

НАЈНОВО

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

October 24, 2025

Како се регулира онлајн коцкањето

October 23, 2025

Два руски воени авиони навлегле во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk