ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Излезе од печат „Митот алатка во политиката“ на Виктор Габер

April 1, 2021 13:38
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во издание на „Сигмапрес“ од Скопје од печат излезе „Митот алатка во политиката“, најновата книга на политикологот и дипломат Виктор Габер. Ова е негова дванаесетта книга од областа на дипломатијата, политичка историја и политичката социологија.

Книгата е резултат на еден сеопфатен напор на авторот, насочен кон рефлексија за суштината, формите и користењето на митовите во процесот на донесување на одлуки што се значајни за едно општество/држава од страна на избраните или со сила наметнати одлучувачки субјекти – политичарите. Покрај размислувањата за историската генеза на всадувањето на митовите во битисувањето на човекот, Габер посебен акцент става на нивната улога во градењето на поголема компактност на човековите заедници (од семејството, преку групата, народот и нацијата). Оттука, авторот особено се посветува на значајното влијание на митовите во создавањето на психо-културните основи за формирање на една држава, каква што ја познаваме во Новиов век.

Основна интенција на оваа книга – на што е посветен и и најголем дел од текстот – е да се расветли употребата на митовите од страна на политичкиот фактор, со неизбежната нивна злоупотреба за дневно-политички цели, и со нивна „помош“, за стекнување на моќ и девијации меѓу прокламираното и оствареното од страна политичките елити.

Габер се концентрира и на употребата на митот и во оној симболички простор на дискрепанцата меѓу јавните политички прокламации за изградба на демократско, граѓанско општество и реалните можности и остварувања на тие ветувања, за да упати на потреба од поширока, безусловна имплементација на тие цивилизациски вредности за доброто на човекот. 

извор: МИА

Next Post

Битиќи: Се обидуваме да креираме развојни програми кои ќе дадат еднакви можности за сите

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk