ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Почна собраниската седница за одложување на пописот

April 1, 2021 15:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието на Република Северна Македонија денеска ја почна 38. седница со две точки на дневниот ред, одложување на пописот што би се одржал од 5 до 30 септември, како и измена на Изборниот законик со којшто се предвидува употреба на терминали за отчитување на отисок од прсти на локалните избори, што исто така ќе бидат одложени за втората половина на октомври.

Во салата беа присустни 102 пратеници, „за“ дневниот ред гласаа 94 пратеници. Немаше „против“ и „воздржани“.

Пратениците ја изгласаа потребата од донесување на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Севрна Македонија, 2021 година по скратена постапка, поднесен од Владата, и Предлог на закон за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка, чии предлагачи се претставници од сите пратенички групи во Собранието.

Претседателот на Собранието Талат Џафери ги повика претседателите на комисиите да ги закажат седниците на кои ќе се разгледуваат законите и за пратениците да знаат до кога може да се поднесуваат амандмани.  Измените на Законот за попис ќе бидат разгледувани на Комисијата за европски прашања, а доколку бидат   

Против одложувањето на Законот за попис се изјасни пратеничката група на Алијанса на Албанците и Алтернатива, чиј координатор Скендер Реџепи побара пауза од еден час.

Реџепи го повтори ставот за политизација на пописот, е против соживотот во државата,  дека одложувањето ќе биде на штета на Албанците, и не е поради пандемијата. Тој изнесе низа критики за ДУИ и за работењето на претседателот на Собранието Талат Џафери. Реџепи ги повика пратениците на ДУИ да не гласаат за одложување на пописот.  

Џафери рече дека обраќањето на Реџепи било од процедурална природа и дека седниците ги води согласно процедурите.  

Арбр Адеми, координаторот на пратеничката група на ДУИ оцени дека Реџепи ја злоупотребил говорницата и дека треба да се зачува на кредибилитетот на Собранието.  

-ДУИ 20 години добива поддршка од Албанците и постојано инсистира на соработка со опозицијата, рече Адеми додавајќи дека АА и Алтернатива не сакаат да соработуваат со  нив туку бараат поединечни средби со лидери на други партии. 

Седницата ќе продолжи во 15 и 15 часот. 

извор: МИА

Next Post

За околу две недели ќе стигне терапија, специфично антитело наменето за лекување на Ковид-19, најави Филипче

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk