ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Помалку чекање на граничните премини за Овластените економски оператори

April 1, 2021 13:08
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Активностите во процесот на валидација на усогласеноста на македонската Програма за Овластен економски оператор се во завршна фаза и се очекува во извештајот на меѓународните валидатори од ЦЕФТА страните, ЦЕФТА Секретаријатот, Европската Комисија и експерти на ГИЗ, позитивна оценка и потврда за законска усогласеност со законодавството на ЕУ.

По завршувањето на постапката за меѓународна валидација на Програмата за Овластен економски оператор (ОЕО), македонските ОЕО, покрај погодностите во нашата држава, ќе имаат големи погодности и во ЦЕФТА регионот, како што се приоритетно минување на граничните премини, помалку контроли, избегнување на двојно поднесување документи, бесплатни обуки итн. а во насока на намалување на времето на чекање на граничните премини, намалување на трошоците и стимулација на трговската размена преку взаемно признавање на протоколи, процедури и документација.

На списокот на компании од земјава кои се Овластени економски оператори има 18 фирми меѓу кои прехранбени гиганти, шпедиции, компании за транспорт и логистика и странски инвестициски капацитети.

Од Овластениот економски оператор Нелт соопштуваат дека дека придобивките се повеќекратни, директни и индиректни и веќе се чувствуваат во работењето.

-Од директните придобивки би издвоил: подобрена комуникација со царинскиот орган преку контакт лице од Царинската управа на кое можеме да се обратиме со прашања, потоа обуки за измени во царинското законодавство, како и полесен пристап кон царинските поедноставувања – издадено одобрение за спроведување на поедноставени постапки без повторна проверка на критериумите кои се проверени во текот на контролата пред издавање на одобрението за ОЕО. Во моментов, Нелт има одобрение кое е со неограничен период на важност при што времето на утврдување на увозните декларации е значително редуцирано во однос на претходно. Исто така, важно ни е и претходното известување, надлежната царинска испостава за прием на тие декларации го известува Нелт кога пратката е селектирана за физичка контрола, кога пратките декларирани од страна на Нелт се селектирани за физичка контрола или контрола на документи, тие контроли се спроведуваат со приоритет, може и да се побара друго место за контрола, вели Методија Христовски, менаџер за логистика во Нелт.

ОЕО, дополнува, имаат помалку физички и документарни контроли во однос на другите економски оператори, намалени контроли во моментот на увоз или извоз, но она што е особено значајно за нас е користењето на приоритетна лента за излез од царинското подрачје. Ова за нас е посебно важно да почне да функционира на граничните премини, посебно во делот на увозите, со што ќе се намали транзитното време што од друга страна влијае на оптимизација и поголема ефикасност на другите процеси, наведува Христовски.

Од индиректни придобивки компаниите иматели на ОЕО сертификат издвојуваат: намалени безбедносни и сигурносни инциденти, намалени кражби и загуби, односно заштита на производи, објекти, опрема, информации и ресурси од кражба, употреба на лого што е корисно како маркетиншка алатка, на сите официјални документи треба да стои логото на ОЕО како официјален знак на препознавање дека операторот е безбеден и сигурен партнер во Синџирот на Снабдување и доверлив бизнис партнер.

Според директорот на ЦЕФТА Секретаријатот, Емир Ѓикиќ, со добивањето на статусот Овластен економски оператор домашните компании покрај поволностите за царинското подрачје на државава ќе имаат такви поволности и во целиот ЦЕФТА регион што значи поедноставени царински процедури, приоритетен третман при спроведување на царинските контроли, намален број на физички и документациски контроли од царинските служби, избор на местото на контрола итн. Концептот на Овластен економски оператор ја прави меѓународната трговија побезбедна, побрза и поефикасна.

-Програмата ОЕО и взаемното признавање (МРА) ќе ги намалат трошоците за трговија и времето поминато на премините и ќе обезбедат производите и услугите побрзо да стигнат до пазарот на ЦЕФТА. Во рамките на регионалната трговска агенда, активностите на ЦЕФТА се насочени кон олеснување на трговијата со стоки и услуги. Поседувањето на сертификатот за компаниите значи дека ги исполнуваат економските и безбедносните стандарди за вршење на надворешна трговија. ОЕО сертификатот е и инвестиција за производителите, транспортерите, шпедиторите и увозниците со царински стандард, кој и дома и во странство е показател дека компанијата работела на подигнување на нивото на сопствената конкурентност, вели Емир Ѓикиќ, директор на Секретаријатот на ЦЕФТА.

Како што наведува Христовски, веќе очекуваат взаемно признавање на ОЕО програмата помеѓу ЦЕФТА страните и остварување на придобивките од ОЕО сертификатот во сите ЦЕФТА страни“. Со тоа, истакнува, значително ќе се намалат трошоците и времето на чекање, а регионалната трговија ќе стане поефикасна и посигурна.

Овластен економски оператор (ОЕО) е субјект што е одобрен од царинските администрации да користи олеснувања во поглед на царинските контроли поврзани со безбедноста и сигурноста и/или поедноставувања пропишани со царинските прописи. Покрај увозници и извозници за едно вакво одобрение може да аплицира и производител, превозник, застапник во царински постапки, имател на царински склад, доколку ги исполнуваат пропишаните критериуми и услови.

Директорот на Царинската управа, Горан Сугарески ги охрабрува македонските компании да аплицираат за статус на овластен економски оператор и посочува дека така тие ќе можат да се приклучат на регионалните синџири на снабдување во рамките на ЦЕФТА и да ги користат придобивките и можностите што доаѓаат од заемното признавање на одобрениот статус. Преку работилници и обуки ја подигнавме целокупната свест, знаење и разбирање за ОЕО, како кај приватниот сектор, така и кај царинските службеници, вели  Сугарески.

Во меѓународната трговија, укажува, компаниите се мерат не само со годишен профит, туку и со тоа како ги извршуваат своите активности. Добивањето статус на ОЕО потврдува и докажува дека компанијата ги извршува своите активности во согласност со правилата и препораките што се релевантни за ефикасноста и безбедноста на работењето.

Овластениот економски оператор претставува концепт за модернизација на царинското и надворешно-трговското работење кој произлегува како реформа од Берлинскиот процес и протоколот 5 од ЦЕФТА.

извор: МИА

Next Post

Царовска: Со партнерства меѓу централната, локалната власт и со меѓународните партнери постигнуваме резултати

НАЈНОВО

Фото: „Конект“

Добротворна модна акција вечер во Скопје

November 4, 2025
Џоди Фостер и Ентони Хопкинс. Кларис и Лектор во Кога јагнињата ќе стивнат

Вистинските стравови на Џоди Фостер од Ентони Хопкинс

November 4, 2025

Холандскиот парламент со најголем процент жени-пратенички досега (43%)

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војаџерите на НАСА открија „ѕид од оган“ на работ од Сончевиот систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk