ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ССМ не се согласува во целост со предложениот концепт за недела неработен ден

April 1, 2021 10:15
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Сојузот на синдикати на Македонија не се согласува со предлогот на Министерството за труд и социјална политика, правото недела да биде неработен ден, да се уреди и со Законот за трговија, освен со Законот за работни односи.

Синдикатот смета дека ова право треба да се уреди само со Законот за работни односи како основен закон од трудовото право, а не да се уредува со посебни закони, затоа што тоа може да доведе до нееднаквост на правата на работниците и да предизвика правна несигурност.

Оттаму информираат дека учествувале на состанокот на Економско-социјалниот совет на кој се разгледувало ова прашање, но го искажале своето незадоволство.

–  ССМ го искажа своето незадоволство од тоа што после период од 6 месеци на преговарање и договарање на деталите за начинот и постапката за остварување на ова право на работниците, Министерството за труд и социјална политика и Министерката која е воедно и Претседателка на ЕСС, Јагода Шахпаска го промени концептот и предлага ова право покрај во Законот за работните односи да се уреди и со Законот за трговија, се вели во соопштението.

Зголемувањето на додатокот на плата за работа во недела, според Синдикатот, треба да се зголеми најмалку 100 проценти за секој час поминат на работа во недела. Синдикатот се залага и за тоа сите работници кои ќе работат во недела, да добијат ден за неделен одмор во денот пред односно денот по неделата која би ја работеле.

– ССМ искажува загриженост за проширување на дејностите вклучително и дозволување на работа на трговските центри (моловите) кои ќе бидат во исклучоците кои ќе можат да работат во недела. ССМ смета дека помошните и придружни дејности односно работни места кои се предвидува да работат во недела не се прецизирани и не се дефинирани во законот и оваа формулација не е јасна и општа, не е утврдено за колку и колкав број на работници се однесува, па истата може да биде извор на манипулации и злоупотреби, а со таквата нејасна формулација наместо, со законските измени да се уреди правото недела дека е неработен ден, всушност недела ќе стане работен ден за најголем број работници, се наведува во соопштението.

Во делот на забраните, предлагаат во целост да биде забранета работата на оние работодавачи кои ќе работат во недела, а не се во исклучоците, а не само да се забрани работата во објектот каде е утврдена неправилноста.

Од ССМ повторно нагласуваат дека не се согласуваат законските измени да се одложат за јануари 2022 година како што предложи Министерството за труд и социјална политика.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Отстранета бетонската база што го загадуваше Петровец и околината

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук на Орце Ѓорѓиевски

Ѓорѓиевски: Ја прифаќам поканата за дебата со противкандидатот Мециновиќ, граѓаните заслужуваат отворена и аргументирана дебата

October 21, 2025
Париз, Лувр. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Лувр ќе наплаќа поскапи билети за туристи од земји надвор од ЕУ

October 21, 2025
Фото: Влада

Во Лондон средба Николоски-Брајан: Стабилни економски и политички односи и високо ниво на трговска соработка меѓу Македонија и Велика Британија

October 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Бучковски: Потфрлувањето кај ВМРО-ДПМНЕ е евидентно, опозициските партии да соработуваат во вториот круг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Врисокот на Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 21 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk