ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Стојков: Дали ќе дозволиме тоталитарното минато да влезе во нашата заедничка европска иднина

April 2, 2021 10:49
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Европската Унија гордо се залага за градење на општество во кое ќе преовладуваат вклученоста, толеранцијата, правдата, солидарноста и недискриминацијата. Промовирањето на слободата, човечкото достоинство, еднаквоста, владеењето на правото и човековите права се дел од таканаречените „Копенхашки критериуми“ што земјите кандидати треба да ги исполнат пред да влезат во ЕУ. Преку таков процес, старите „болести“ на континентот се „лекуваат“ и се оставаат во минатото, оценува копретседателот на Обединетата македонска организација „Илинден“ ПИРИН, Стојко Стојков.

– Па, барем тоа е теоријата. Во реалноста, човековите права, а особено правата на малцинствата, се рангирани на дното на списокот на приоритети за европска интеграција. Дозволете ми да илустрирам со тажна и вистинска приказна. Пред осум децении, стравувајќи од губење на дел од својата територија, комунистичка Бугарија утврди дека единственото решение е да ги асимилира своите малцинства во „обединета социјалистичка бугарска нација“. Ова беше направено преку низа таканаречени „процеси на преродба“, насочени кон – во различни периоди – сите традиционални малцинства населени во Бугарија, како што се Турците, Ромите, Помаците, Македонците итн. Асимилацијата на етничките Македонци започна во 1963 година под диктаторот Тодор Живков, кој прогласи дека „такво малцинство не постои и не може да постои во Бугарија“, испраќајќи стотици луѓе во затворите и логорите за интернирање, дава историски потсетник Стојков во тексотот објавен на интернет страницата на Европската слободна алијанса, под насловот: „Дали ќе дозволиме тоталитарното минато да влезе во нашата заедничка европска иднина“.

Како што јави дописникот на МИА, Стојков потсетува дека по падот на комунизмот во Бугарија продолжи асимилацијата на Македонците.

– ЕУ, поради геополитичка загриженост (т.е. сакајќи да го извлече регионот од Русија), ја прифати Бугарија без земјата да ги исполни критериумите за малцинствата. Европската слободна алијанса (ЕФА) со право се спротивстави и побара Бугарија да го признае македонското малцинство пред да биде примена во ЕУ. За жал, мнозинството европратеници се грижеа повеќе за геополитиката отколку за правдата и човековите права, а со тоа на предлогот на ЕФА немаше поддршка од мнозинството во Европскиот парламент, нагласува Стојков.

Тој потсетува дека Европскиот суд за човекови права изрече „не помалку од 14 пресуди“ против Бугарија и во корист на Македонците, што не ја промени состојбата.

– ЕУ продолжува да се ослободува од прашањата за човековите права, особено од малцинствата, оставени на милост и немилост на земјите членки. Со други зборови, сè е оставено на „добрата волја“ на земјите членки. Во Бугарија, оваа добра волја има злобна намера, каде малцинствата се третираат како непријатели на државата, претставуваат „опасност за националната безбедност“, загрозуваат „единството на нацијата“ и „го загрозуваат територијалниот интегритет“. Ова е реалност од секојдневниот живот за припадниците на македонското малцинство во Бугарија, наведува Стојков, чија партија е членка на ЕФА.

Понатаму тој нагласува дека „проблемот не завршува тука и не останува само во границите на Бугарија“.

– Како и секоја нелекувана болест, сега се шири и се заканува да ја „зарази“ самата Унија. Охрабрена од прифаќањето како членка на ЕУ заедно со нејзината тоталитарна и анти-малцинска политика, Бугарија сега се обидува да им ја наметне својата волја на другите земји. Прифатена без признавање на македонското малцинство, сега Софија официјално сака негирањето на македонското малцинство да биде услов за членство во ЕУ, наведувајќи го како официјална причина за вето за почеток на пристапните преговори со Македонија!, нагласува Стојков.

Според него, ваквата состојба е последица на тоа што „проблемите не се решаваат уште во повој“.

– Со години, поборниците за човекови права за правата на Македонците во Бугарија се судираат со принципот на работа на европските институции: ако нема конфликт – нема проблем; практика што неизбежно води кон ескалација на проблемите во конфликти. Ова нè води кон две важни прашања да размислиме: Дали ќе им дозволиме на земјите како Бугарија да ја претворат дискриминацијата во европска вредност? Дали ќе му дозволиме на тоталитарното минато да влијае на нашата заедничка иднина? Македонците од Бугарија чекаат одговор…, додава во својот текст Стојков.

извор: МИА

Next Post

Египет бара милијарда долари компензација за Суецкиот канал

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk