Ние ги слушаме и ги потврдуваме насоките што ги дава Комисијата за заразни болести, која редовно ја следи состојбата со пандемијата рече премиерот Зоран Заев во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.
Тој додаде дека добро се менаџира со слободните болнички места и кадровскиот персонал.
Ние имаме доволно места во болниците, со монтажните болници што ги оспособивме, а втора работа е истоштеноста на здравствениот персонал, но има одличен менаџмент, има солидарност, даваат аферим медицински сестри и доктори од други клиники, се борат за секој живот за здравјето на секој граѓанин, истакна Заев.
Тој смета дека ако ги затвориме рестораните и кафетериите, младите се собираат во паркови, плоштади пред згради, и тоа е уште пострашно, а ние имаме протоколи за рестораните и кафаните.
Премиерот Заев изрази очекување дека следната недела кривата на заболени да почне да опаѓа, но затоа треба да ги почитуваме мерките, да носиме маски, се зависи од личната заштита и личното почитување на мерките.