ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Град Скопје покрена постапка до антикорупциска за Коце Трајановски

April 3, 2021 13:18
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

 Град Скопје поведе постапка до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) против поранешниот скопски градоначалник Коце Трајановски.

Градските власти во барањето наведуваат дека се работи за случај на прекршување одредби од склучен договор исплатен од Буџетот на Град Скопје со цел водење политичка кампања за локални избори. Постапката е поведена минатата недела.

-Откако минатата недела ВМРО-ДПМНЕ обвини за корупција во Договорот со дроновите, ги пребаравме сличните договори што ги склучувал Градот и видовме дека во 2017 година Градот склучил петпати поскап договор од оној во 2016 година. Клопчето почна да се одмотува. Разгледувајќи ги доставените материјали забележавме дека ни се познати и ги најдовме кадрите дека се користени во изборен спот на ВМРО-ДПМНЕ, на Коце Трајановски, велат за МИА од Град Скопје.  

Градските власти истакнуваат дека засега немаат информации за други или слични случаи и додаваат оти не се истражен орган.  

-Кога ќе увидиме некоја потенцијална криминална активност, тогаш пријавуваме. Ќе продолжиме да бараме дали и други ресурси на Градот се користени во изборни цели на политички партии и ако е тоа така, веднаш ќе пријавиме, информираат за МИА од Град Скопје.

МИА за ова побара став и од поранешниот градоначалник на главниот град, Коце Трајановски, кој смета дека се работи за негова политичка дискредитација.  

-Ниту јас, ниту Град Скопје, односно институцијата со која раководев до октомври 2017 година не го нарачала, ниту изработила тој спот и се што сум работел до крајот на мандатот било согласно законските прописи. Затоа за бараните информации треба да се обратите кај тој што го изработувал тој видеозапис. Очигледна е намерата на актуелната градска власт за моја политичка дискредитација во недостиг на исполнување на ветувањата за кои беа донесени на власт, стои во писмената изјава на Трајановски.  

Во барањето за поведување постапка се наведува дека на 13 април 2017 година Град Скопје, во својство на договорен орган, склучил Договор со „Енигма Солушн ДООЕЛ“ како носител на набавка за видео снимање на секојдневна и месечна основа и видео-фото документација за потребите на Град Скопје.

Вредноста на договорот, информираат за МИА од Град Скопје, изнесувала два милиони и сто триесет и шест илјади денари без пресметан ДДВ, со вкалкулиран попуст од 11 отсто од електронска аукција. Вкупната вредност на договорот изнесувала два милиони  петстотини дваесет илјади и четиристотини осумдесет денари, со пресметан ДДВ. Носителот на набавката за потребите на Град Скопје, ги вршел услугите сукцесивно, секој месец во текот на траењето на договорот.  

Согласно Техничката спецификација, која е составен дел на Договорот, снимениот видеоматеријал и фотографиите остануваат авторска сопственост на Град Скопје. Покрај обработениот видеоматеријал и необработениот материјал и фотографиите согласно договорот остануваат сопственост на Град Скопје. По завршувањето на договорот, операторот требал целокупниот материјал предвиден со договорот на екстерен хард диск да го достави до Град Скопје и овој услов бил исполнет и целокупниот материјал е предаден на градските власти.   

По сознанијата до кои сега дошол Град Скопје, дел од видеоматеријалот, предмет на овој договор е искористен во видеоспот како платена политичка програма во 2017, од страна на тогашниот кандидат за градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски.  

За таа цел до ДКСК се доставени Договорот и фактурите и извештаите за извршената услуга-предмет на набавката, заедно со видеото кое е доставено од носителот на набавката по извршување на услугата и видеоспотот како платена политичка програма на тогашниот кандидат за градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски, каде се користени кадри кои претходно биле нарачани за потреби на Град Скопје и кои согласно Техничката спецификација претставуваат авторска сопственост на градските власти. Услугата за снимање е исплатена од буџетот на Град Скопје. /МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Лишена од слобода лекарка од Битола заради примање поткуп

July 16, 2025

Повторно воспоставена легендарната алпска железничка рута – Таурн

July 16, 2025

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

July 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мини‑делница, макси‑пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Штипјани се оставени со суви чешми, цената на расипништвото ја плаќаат граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје бара лидерство: СДСМ со визија, ВМРО со калкулации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk