ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Во Велес започна изградбата на нов Градски пазар

April 3, 2021 13:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Градежната парцела за изградба на нов Градски пазар во Велес, чија официјална изградба започна денес е со вкупна површина од 4.172 метри квадратни, од кои 2.300 метри квадратни се наменети за продавачите на земјоделски производи. Пазарот е составен од шест дела, од кои четири ќе бидат сместени 19 дуќани, деловни објекти, канцеларии и два угостителски објекти на вкупно 638 метри квадратни, а во два дела од објектот ќе бидат сместени тезгите од покриениот пазар, паркинг просторот и улицата за доставување на стоки и рампата за полесен пристап до пазарот со вкупна површина од 2339 метри квадратни и партерно уреден простор пред влезот од 215 метри квадратни.

На официјалниот стар на градежните работи, премиерот Зоран Заев, информираше дека за овој капитален објект за Велес обезбедени се вкупни 86 милиони денари, плус 15 милиони денари, од кои 40 милиони денари Општина Велес ги обезбеди од Владата, од стапката за капитални дотации на единиците за локална самоуправа, а останатите 46 милиони денари како заем од Светската Банка преку Програмата за подобрување на општински услуги.

Дополнително како што реков се очекува финансиска подршка од 15 милиони денари преку Центарот за развој на Вардарскиот плански регион, а што треба да ги обезбеди Бирото за регионален развој. Со тоа се обезбедени вкупно сите финансиски средства за комплетна изградба на покриен Градски пазар во Велес, појасни Заев.

Заев, кој денеска заедно со дел од министрите и претставници на Владата направи увид во првичните  градежни работи, информира  дека новиот покриен Градски пазар во Велес се гради според најновите стандарди за вакви објекти како за продавачите,така и за купувачите.

Според него изградбата на покриениот Градски пазар е од големо значење за регионалната економија бидејќи од него егзистенција обезбедуваат многу земјоделци и трговци од целиот велешки поширок регион, но и од други градови како Струмица, Ресен и сите оние кои продаваат свои домашни производи.

Тој потенцира дека со овој проект велешани конечно после неколку децении ќе добијат современ Градски пазар каде земјоделците и трговците ќе имаат соодветни и нормални услови за продажба на своите производи.

-Новиот објект ќе го врати животот на левата страна на градот и ќе поттикне развој на нови урбани содржини во интерес на граѓаните, но најважно од се’ ќе придонесе за зајакнување на економскиот развој на градот и регионот, рече Заев.

Како што појасни градоначалникот на Велес, Аце Коцевски објектот ќе биде челично скелетна конструкција покриена со енергетски ефикасни панели, а основата со армирано- бетонски темели.

Коцевски потсети дека изградбата на покриен Градски пазар во Велес е најголема поединечна капитална инвестиција, а чиј инвеститор е Општина Велес во последните 30 години.

Тој нагласи дека со новиот пазар ќе се подобрат условите и на продавачите и на купувачите, како и санитарните услови.

Градскиот пазар во Велес, рече Коцевски, не е само локален велешки пазар, туку е ргионален пазар кој ги надминува и границите на Вардарскиот плански регион, затоа што во него продаваат и купуваат не само од Општините Велес, Градско, Чашка и Лозово, Росоман и Свети Николе туку доаѓаат и продавачи на ориз од Кочани, на пиперки и други производи од Струмица, како и продавачи од Радовиш, Ресен и други градови.

Тој нагласи дека затоа Новиот Градски пазар во Велес е многу важен за развојот на локалната и на регионалната економија. Воедно информира дека на пазарот ќе се продаваат земјоделски, риба, месо и млечни производи според Хасап стандардите, а  за лицата со ограничена мобилност е предвидена рампа и лифтовска платформа.

Изградбата на пазарот, според Коцевски, е посебно важна и за жителите од левата страна на Велес со што ќе се стави акцент на овој дел од градот и тој ќе биде двигател на локалната економија и на животот од овој дел од градот. /МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Лишена од слобода лекарка од Битола заради примање поткуп

July 16, 2025

Повторно воспоставена легендарната алпска железничка рута – Таурн

July 16, 2025

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

July 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мини‑делница, макси‑пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Штипјани се оставени со суви чешми, цената на расипништвото ја плаќаат граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје бара лидерство: СДСМ со визија, ВМРО со калкулации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk