ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Владата донесе одлуки за нови рестриктивни мерки за заштита од КОВИД-19

April 5, 2021 20:02
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на денешната 63-та редовна седница, го разгледа предлогот на Комисијата за заразни болести и донесе дополнителни мерки за заштита на јавното здравје и заштита на сите граѓани на Република Северна Македонија, со цел намалување на бројот на новозаразени и намалување на оптоварувањето на здравствените работници, со цел успешно справување со последиците од КОВИД-19 пандемијата.

Новите рестриктивни мерки, информираат од владината прес-служба, се однесуваат на:

– Продолжување на забраната и посебниот режим на движење на граѓаните на територијата на Република Северна Македонија во временски период од 20:00 до 5:00 часот наредниот ден почнувајќи од 6 април (вторник) до 20 април 2021 година.

За време на забраната и посебниот режим на движење на граѓаните на територијата на Република Северна Македонија, сите граѓани кои живеат во станбени објекти за колективно домување и што имаат домашни миленичиња (кучиња), може да ги изнесуваат надвор од своите домови во вечерните часови во времетраење од еден час, почнувајќи од 22:00 до 23:00 часот, најмногу до 100 метри од објектот каде живеат. На граѓаните, кои извршиле имунизација/вакцинација во центрите за вакцинација, во временски период непосредно пред започнување на забраната и посебниот режим на движење им се дозволува враќање до своето живеалиште/престојувалиште врз основа на потврдата за извршена вакцинација.

-Целосна забрана за посетители-гости во сите угостителски објекти (кафетерии, ресторани, барови, клубови) и други објекти кои во склоп на истиот даваат угостителски услуги, како и во угостителскиот објект/дел за исхрана во угостителските објекти за сместување (хотел, мотел, хостел, пансион и друг објект за сместување) или на бензинските станици, а оние угостителски објекти, кои вршат подготовка и продажба на храна можат да остваруваат продажба на алтернативен начин (онлајн или телефонски нарачки и слично) и да вршат достава или да овозможат самостојно подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект (преку штанд/пулт) почнувајќи од 7 април 2021 година, (среда) до 20 април 2021 година.

Исклучок од ова се угостителските објекти на Меѓународниот аеродром „Скопје“ и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, како и угостителскиот објект/дел за исхрана во угостителските објекти за сместување (хотел, мотел, хостел, пансион и друг објект за сместување).

– Целосна забрана за посетители, гости во сите обложувалници, односно приемот на посетителите и работата на обложувалниците да биде овозможено исклучиво преку вршење на шалтерска услуга (шалтер, штанд, пулт) односно угостителскиот објект/дел во обложувалниците, како и во казината, да биде затворен за посетители, почнувајќи од 7 април 2021 година (среда) до 20 април 2021 година.

-Целосна забрана за посетители-гости во сите вежбални, фитнес клубови, спортски центри и сали наменети за вежбање почнувајќи од 6.4.2021 година (вторник) до 20 април.

-Се забранува организирање, одржување и присуство/учество на секаков вид на семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции и други настани од ваков тип, од 6.4 до 20.4.2021 година.

На седницата, се вели во соопштението, било прифатено и укажувањето на Главниот кризен штаб за потребата од стриктно почитување на забраната за собирање во групи и групирања на повеќе од четири лица на јавен простор, паркови, или било која површина на отворено. Ова важи на целата територија на државата секој ден во текот на седмицата.

Од владината прес-служба информираат, дека продолжуваат да важат дозволите издадени на барање на правни лица/институции, односно за движење на физички лица само за службени потреби.

За земјоделците, остануваат истите правила за движење за време на полицискиот час. Ова се однесува на нивното движење за извршување на работните обврски во атарот (местото на живеење) исклучиво за извршување на работните обврски. Останува да важат дозволите за движење на регистрираните земјоделци, евидентирани во подрачните единици на Министерството за внатрешни работи.  /МИА/

Next Post

Во Арачиново приведен криминалец баран со потерница

НАЈНОВО

Претседателката на ЛДП Моника Зајкова со директна поддршка на Горан Герасимовски за втор градоначалнички мандат

October 29, 2025
Foto: Wikimedia Commons

Додик и семејството извадени од американската црна листа

October 29, 2025
ФФМ. Фото: Б. Јордановска

Доживотна суспензија за двајца фудбалери на Беса Слупчане и суспензија од 10 натпревари за теренот

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk