Согласно моменталната ситуација во државата предизвикана од пандемијата на коронавирусот, од Црвен Крст соопштува дека обуката наменета за Промоција на хумани вредности, односно програма наменета за млади волонтери нема да се организира со физичко присуство. Обуките се одржуваат онлајн, со цел да се заштити здравјето на волонтерите.
-Од 21 јануари оваа година, еднаш неделно се реализираат обуки за постоечки и потенцијални волонтери на ниво на целата држава. Секој четврток со почеток во 18:00 часот, во времетраење од 60 до 70 минути се спроведуваат онлајн обуки. Во текот на годината, предвидени се 40 работилници со учество од 6.000 младинци, информира Црвениот крст.
За време на обуката се обработуваат најразлични деми, а досега се реализирани: Дисеминација на Црвен крст, Работа со волонтери и градење на тим, Личен менаџмент на време, Грижа за себе, Комуникација и јавно говорење, Избор на позитивни вредности, Работилница за анксиозност, Дигитална комуникација, Драма какао начин на револуционарен израз во уметноста, Еко Прва помош, Значење на човековите права и Вовед во вештачка интелегенција.
Пријавата е достапна на следниот [meet.google.com/rsu-wvoq-ksa]
Црвениот крст информира дека досега се реализирани 11 работилници, а забележано е присуство од вкупно 1.670 млади, или во просек околу 150 на една работилница. По завршување на секоја работилница се прави евалуација преку која се гледаат процентите од нивната заинтересираност. Во просек 95 проценти од младите се задоволни од изборот на темата, 93 проценти се задоволни од интеракцијата, 100 отсто би ги препорачале работилниците на своите врсници. Дополнителни информации се достапни на веб-страната на ЦКГС.
извор: МИА