ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Телефонски разговор на Димитров со советник на државниот секретар на САД Блинкен: Преспанскиот договор е појдовна точка за позитивни промени

April 6, 2021 18:44
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со потпишувањето на Преспанскиот договор се затвори едно од најгорливите прашања во регионот, истакна денеска вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во телефонскиот разговор со Дерек Шоле, посебен советник на државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, кој на ниво на потсекретар е надлежен за важни прашања од надворешната политика.

Во разговорот, кој е на барање на Стејт Депарменот, и двајцата се согласиле дека неговиот успех е потврда не само за одлучноста и визијата на Северна Македонија, туку е и појдовна точка за позитивни промени и менување на перцепциите за земјите од Западниот Балкан.

Исто така, беше констатирано дека постигнувањата кои следеа по Договорот, како што е членството во НАТО, треба да се надоградат и со реализација на втората стратешка цел – преговори за членство со Европската Унија.

Како што соопшти владината прес-служба, фокусот на разговорот беше и на тековните случувања поврзани со европската интеграција на Северна Македонија, како и можните чекори за откочување на процесот.

-Од американска страна беше потврдена поддршката за евроинтеграциите, со порака дека земјата треба да го задржи реформскиот курс, за што САД останува искрен и посветен партнер. Шоле се согласи со позицијата на Димитров дека е крајно време да се одржи првата меѓувладина конференција, се наведува во владиното соопштение.

Посебниот советник Шоле честиташе за годишнината од пристапувањето во НАТО, упатувајќи искрени честитки како за земјата, така и за личениот удел на Димитров во реализацијата на ова постигнување.

-Соговорниците ја реафирмираа заложбата за продлабочување на партнерската соработка меѓу двете земји заснована на заедничките цели, интереси и вредности, се вели во соопштението на Владата.

 

/МИА/

Next Post

Од 64-тата седница на Владата: Дополнителни финансии за изградба и реконструкција на основни и средни училишта

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk