Модерен дедо освојува на Instagram со модните комбинации и фотографии правени од неговиот внук.
Алојз Абрам по потекло е од Словенија, а во моментов живее во Германија, каде нижи успеси заедно со внукот Јаник. 75-годишниот пензионер го следат повеќе од милион лица, а кога ќе ги погледнете фотографиите ќе сфатите и зошто. Алојз е кул „дедо“ кој започна да се прославува на популарната социјална мрежа пред неколку години.
Сè започнало во 2016 година, а Јаник за LADbible објаснил како: „На Божиќ во 2016 година го прашав Дедо дали сака да проба некои од моите алишта. Се изненадив кога ми рече да и облече моја облека и патики. Изгледаше многу кул и се чувствуваше толку удобно, што морав да му направам фотографија. Две недели подоцна, ја објавив првата фотографија од Дедо на Instagram и им се допадна на сите пријатели и роднини.“
„Нашето заедничко хоби дефинитивно нè зближи. Отсекогаш бевме блиски, Дедо порано ме земаше од градинка и од училиште секој вторник и игравме пинг-понг и фудбал или одевме заедно на шопинг.“
„Се огледувам на Дедо. Тој ме научи на многу нешта како дете, но најважно е што ми покажа дека никогаш не е доцна да се започне нешто ново и да не се плашам да бидам различен. Тој е најсмирената личност што ја познавам и никогаш не избувнува.“
„Плус, оди во фитнес сала трипати неделно за да биде здрав и фит. Тој е најкул дедо што некогаш сум можел да го замислам и се надевам дека ќе станам толку смирен и среќен кога ќе бидам на негова возраст“ – рекол Јаник.
извор: фемина.мк