ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Конференцијата „Размислувај глобално 2021“: Странски фирми заинтересирани за ИКТ и прехранбената индустрија

April 13, 2021 13:37
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

 Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот од 12 до 15 април учествува на онлајн Конференцијата „Размислувај глобално 2021“ на Меѓународниот трговски совет (ИТЦ).

На виртуелнот штанд на Агенцијата, на вториот ден од глобалната конференција се одвиваат презентации и состаноци со заинтересираните посетители. Од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот информираат дека до сега најголем интерес е покажан за ИКТ секторот и за прехранбената индустрија.

– Вчера, на првиот ден односно на „Денот на странски директни инвестиции“, почесен говорник беше Дејан Павлески, директор на Агенцијата. Неговата онлајн презентација беше на тема „Можности за инвестирање и трговија“, по што следуваа директни вклучувања со прашања и интерес за инвестирање, како и за извозниот потенцијал. Агенцијата покрај со презентацијата на директорот за цело времетраење на настанот ќе биде присутна и со виртуелен штанд со можности за презентации и состаноци во реално време, онлајн. Исто така присутни на настанот се и бројни наши, домашни, извозно ориентирани компании, наведуваат од Агенцијата.

Конференцијата „Размислувај глобално 2021“ е најголемиот настан во светот за извозно ориентираните компании. Со 23.000 учесници на Ц ниво, кои доаѓаат од 79 земји, овој форум претставува едукативна и мрежна платформа каде што учесниците можат да се запознаат со  новите трендови, размена на идеи, справување со предизвиците со кои се соочуваат како и можност за потенцијално да се сретнат со нивниот следен инвеститор, снабдувач или клиент. На Глобалната конференција се присутни компании од сите големини – од компании од Fortune 500 и средни компании до мали претпријатија и стартапи.

извор: МИА

Next Post

Поддршка за КСС од гранскиот синдикат СОНК

НАЈНОВО

Речиси 50% од глечерот Хекторија се распаднал за два месеца

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Кој е Зохран Мамдани – новиот градоначалник на Њујорк

November 5, 2025

Книжевна вечер со Фросина Пармаковска во „Спона“

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk