ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шаќири: МИОА е исклучително посветена на визијата за отворена Влада

April 13, 2021 19:23
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири денеска учествуваше на министерскиот состанок за Отворено владино партнерство (ОВП), во рамки на денешната седница на Владата, заедно со премиерот Зоран Заев и извршниот директор на Отворено владино партнерство од Њујорк, Санџај Прадхан.

На состанокот, како што соопшти МИОА, се разговараше за значењето на Отвореното владино партнерство за Северна Македонија и неговата имплементација и достигнувања, со цел унапредување на постојните вредности на транспарентно, отчетно и одговорно работење на Владата.

Министерот Шаќири посочи дека МИОА како надлежна институција за координација на процесот за ОВП работи во тесна соработка со невладиниот и јавниот сектор и е исклучително посветена на визијата за отворена влада.

-Зад себе имаме четири акциски планови и резултати кои направија промена во нашето општество и тоа не само како конкретно реализирани проекти, туку ја унапредија културата на работењето на институциите на начин што денес јавноста полесно може да го разбере работењето на Владата и да влијае врз нејзината работа преку вклучување во процесите на креирање на јавните политики и испораката на јавните услуги, рече Шаќири, додавајќи дека постојат механизми преку кои јавноста може да бара од Владата одговорност за нејзините политики и перформансите на испорачаните услуги.

Министерот Шаќири најави дека во јуни, како резултат на еден динамичен и инклузивен процес на подготовка, со активна вклученост на претставници од граѓанскиот и јавниот сектор, Советот за ОВП, Мрежата на граѓански организации за ОВП, ќе произлезе петтиот Национален акциски план за Отворено владино партнерство за периодот 2021-2023 година.

Во меѓувреме, пуштен е во употреба порталот за Отворено владино партнерство кој преставува централна точка за консултација, мониторинг, вклучување, вмрежување и известување на сите засегнати и заинтересирани страни во овој процес.

-Верувам дека со иницијалната заложба во следните две години, да се работи интензивно на прашањата за пристапот до правда, правното зајакнување на граѓаните и унапредување на правната заштита особено на младите, маргинализирани групи и жени, унапредување на испораката на јавни услуги, продолжување на активностите поврзани со јавно објавување на информација за вистинските сопственици, отварањето на нови податоци, како и активностите за спречување на корупцијата преку унапредување на транспарентноста на процесот на именување на функционери, надоградба на системот за презентација и транспарентност на анкетните листови и изјава на интереси, ќе се обезбеди вистинско препознавање на резултатите а граѓаните ќе бидат во можност да ја потврдат промената, заклучи министерот Шаќири.

извор: МИА
Next Post

Дискусија за концептот на Отворено владино партнерство: Довербата на граѓаните кон институциите се гради преку отворени институции, транспарентни процеси и вклученост на сите засегнати страни

НАЈНОВО

Д-р Трајановски: Ќе поднесам оставка ако не ги започнам трите клучни проекти во првата година, дали Митески е спремен да го вети тоа

October 27, 2025

Герасимовски: Немаат понуда, ќе победиме и покрај лагите и притисоците

October 27, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

ФК Аеродром: „Го осудуваме насилството во Слупчане, фудбалот мора да остане спорт на фер-плејот“

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk