ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Честитка од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по повод 29 години Царинска управа

April 14, 2021 10:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со оглед  на специфичните околности, дозволете ми и на овој начин, со должниот пиетет кон вашата институција, во свое и во име на сите вработени во Министерството за внатрешни работи да ви го честитам Денот на Царината, имајќи во преден план дека царинските работници се врската на нашата држава со светот, огледало за деловното опкружување на една земја, првичната перцепција на светот за нас и суштинска алка за унапредување на меѓународните економски односи, преку континуираните напори за олеснување на слободното движење на луѓе, стоки и услуги, вели министерот Спасовски.

Значењето на Царинската управа, како суштински дел од институционалниот систем на нашата држава, се огледува во фактот што во изминативе 29 години постоење на Царината, нејзините вработени, нејзиниот технички, кадровски, организационен потенцијал се етаблираа како кредибилна и есенцијална алка во доменот на сите оние законски надлежности на царинското работење. Притоа, преку континуираното нормативно и структурно прилагодување и модернизирање со право може да се извлече заклучокот дека оваа институција денес претставува силен заштитник и партнер во економското функционирање на државата, како во фискалната, така и во другите економски сфери.

Истовремено, особено од аспект на работата на МВР низ сите овие години наназад, Царината се докажа како исклучително битен партнер и фактор во делот намалување на ризиците од закани и контрола и спречување на недозволената трговија со дрога, оружје, со акцизни и други стоки, односно, генерално со сѐ она што е нотирано во постоечката законска регулатива како незаконито, а е во интерес на заштитата и безбедноста на граѓаните и на нашата држава.

Длабоко верувам дека и во годините пред нас, Царинската управа ќе продолжи со истата динамика на развој на структурно, кадровско, нормативно сообразување на своето функционирање, преку поедноставување, стандардизирање и хармонизирање на граничните постапки, во контекст на потребите на општеството и барањата што произлегуваат од сите регионални и меѓународни трендови на развој во царинското работење.

Честитајќи ви го речиси тридецениското постоење, почитувани цариници, ви посакувам многу успеси во сите ваши тековни и идни професионални ангажмани и активности.  Да продолжиме заеднички посветено да придонесуваме за одржлив и безбеден систем, за економски раст и развој и подобрување на животот на нашите граѓаните.

Next Post

Заев: И во услови на пандемија натфрлен приходот од царините и другите давачки за полнење на Буџетот

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk