ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи: УЈП успешно одговори на предизвикот за дигитализацијa и давање квалитетни услуги на обврзниците

April 16, 2021 17:50
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Даночните  активностите и предизвиците  на Управата за јавни приходи (УЈП) беа тема на разговор на денешната работна средба меѓу вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции,  Фатмир Битиќи   и директорката на УЈП Сања Лукаревска.

Како што информираат од Кабинетот на вицепремиерот, Битиќи и Лукаревска во рамки на заедничките активности, тие прво ја посетија Дирекцијата за големи даночни обврзници на УЈП.

-Оваа Дирекција  администрира 366 најголеми плаќачи на данок во државата и наплатува 44,63 отсто од вкупната наплата на даноци, информираше  Лукаревска за време на посетата.

Директорката го запозна вицепремиерот Битиќи со  тековните активности и предизвиците со кои се соочува Дирекцијата, во спроведување на даночните активности, како и за успешните резултати остварени од наплата на даноците  и  партнерскиот однос кој оваа Дирекција го негува со даночните обврзници.

Работната средба  продолжи и во Генералната дирекција, каде вицепремиерот Битиќи, директорката Лукаревска и раководството на УЈП разговараа за  досегашната успешна  реализација на антикризните мерки. Дополнително тие го запознаа вицепремиерот  со тековните проекти кои ги спроведува УЈП, како што се:  е-даноци, е-МПИН, автоматски поврат и пребивање, матична евиденција и даночно книговодство. Сите овие проекти се имплементираат со цел  подобрување на деловните практики и внесување на промени во согласност со севкупната дигитална трансформација, а во насока на подобро администрирање на даночни приходи и придонеси и давање квалитетни услуги на обврзниците.

Вицепремиерот Битиќи истакна дека ова е една од најзначајните институции, еден од столбовите на економијата.

-Коронавирусот ни покажа дека дигитализацијата е неопходна  секаде,  а вие како институција во време на пандемија целосно одговоривте на предизвикот, нагласи Битиќи и ја истакна големата улога која УЈП ја има при имплементацијата на економските мерки за поддршка на граѓаните и стопанството за време на кризата.

За време на ативностите беше потенцирано дека во март 2021 година, Управата за јавни приходи реализира наплата на даноците во износ од 7.720.610.346,00 денари, што во споредба со истиот месец во 2020 година претставува повисока наплата кај даноците од страна на компаниите, што е добар знак дека економијата постепено закрепнува. Поединечно, кај данокот на додадена вредност се бележи поголема наплата за 29,49 отсто, наплатата кај данокот на личен доход е повисока за  12,55 отсто, додека пониска наплата за 1,32 отсто, се регистрира само кај данокот на добивка.

извор: МИА

Next Post
Фото: Фејсбук профил од Рашковски

Куќен притвор за Драги Рашковски

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Досега 30 репрезентации изборија учество на СП 2026

November 15, 2025

Младински хор од Солун ќе одржи концерт во Скопје – приредува мало изненадување за деца од Кочани

November 15, 2025
Фото: Maria Oswalt / Unsplash

Во САД извршена уште една смртна казна: 44-годишиот Стивен Брајант, осуден за тројно убиство

November 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Генерирано со ВИ

    Што треба да знаете ако случајно проголтате семка од јаболко – дали може да биде опасно?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маск со нова шокантна идеја: Наместо затвор – осуденици придружени од роботи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откриената ДНК на Хитлер отвори голема етичка дебата – требаше ли да се проучува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ си игра “six- seven” мајтап со членството на Македонија во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk