ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пет проекти на музејот „Западна Македонија во НОВ“ во Кичево финансиски поддржани од Министерството за култура

April 17, 2021 14:52
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Пет проекти подготвени од музејот„ Западна Македонија во НОВ“ во Кичево, финансиски ќе бидат поддржани од Министерството за култура.

Директорот на музејот Дардан Емини истакна дека од годинашната програма финансиски ќе бидат поддржани следните проекти. Научните истражувања за верскиот живот во 20-от век во Кичево, народни македонски и албански носии во Кичево и Кичевијата. Потоа ќе се сублимира се она што е пишано во домашниот и странскиот печат за скопјанката Мајка Тереза. Четвртиот проект е грнчарството во кичевско, фотодокументација како растел и се развивал овој занает и петтиот проект е научното истражување „Првата светска војна 1914-1918 во Македонија“.

– Научното истражување верскиот живот во 20-от век во Кичево ќе го збогатиме и со посета на поголем број на верски објекти кои гравитираат во нашиот регион, ќе разговараме со свештеници и лица на кои оваа проблематика им е многу блиска, вели директорот Емини и потенцира дека научното истражување на народни македонски и албански носии во Кичево и Кичевијата, ќе го комплетираат со посета на поголем број на колекционери кои ги има во регионот и кои поседуваат голем број на народни носии од овие националности.

Емини за преостанатите три проекти посочи на што ќе биде ставен акцентот во нивната подготовка.

– Во трите преостанати проекти домашниот и странскиот печат за скопјанката Мајка Тереза, ќе биде сублимат од голем број пишани прилози, извештаи, интервјуа и се она што е поврзано со нашата Нобеловка, Мајка Тереза и нејзината хумана работа.

Фотодокументацијата грнчарството во Кичевско ќе биде презентација на огромен број на фотографии снимени низ времето во најгрнчарското село во земјава, Вранештица. Од традиционалното производство на глинени производи до нивното преживување до ден денес и како го перцепирале овој занает странските посетители.

Последното научно истражување е поврзано со Првата светска војна 1914-1918 година во Македонија. Во ова истражување ќе бидат вклучени поголем број на историчари кои ја обработувале оваа тема од пишани лични сведоштва, фотографии и филмувани стории поврзани со овој период.

извор: МИА

Next Post

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 998 пациенти, слободни кревети има

НАЈНОВО

Скриншот

Рама: Министерката создадена со вештачка интелигенција Диела е бремена, очекуваме 83 деца

October 27, 2025

„Ле Каландре“ од Италија е најдобар ресторан во светот за 2025

October 27, 2025
Фото: МИА

Лазаров: Манасков игра во одлична форма и затоа доби повик, но тој го одби

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk