ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Во ТИРЗ регистрирана највисока економска активност во последните четири години во однос на извозот и увозот

April 18, 2021 11:44
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Според месечната анализа на Дирекцијата за технолошко-индустриски зони (ТИРЗ), регистрирана е највисока економска активност во технолошко индустриските зони  во првиот квартал, во последните четири години во однос на извозот и увозот.

Во првиот квартал од 2021 година, според анализите на ТИРЗ, извозната активност во индустриските зони под надлежност на Владата достигна износ од 776 милиони евра што е за 30 проценти повеќе од истиот период во 2020 година. Во однос на 2018 година порастот е над 41 отсто, а на месечно ниво, извозната активност во март 2021 година е највисока во изминатите четири години и достигна ниво од 260 милиони евра, што е за 67 милиони повеќе од истиот месец во 2020 година.

-Во однос на увозот  регистрирано е највисоко ниво досега во однос на споредбата по квартали во изминативе четири години. Така увозот во првиот квартал од годинава достигна 736 милиони евра и е за 34 проценти повисок од првиот квартал лани, а дури за 50 отсто повисок споредено со првиот квартал во 2018 година, се вели во соопштението.

Од ТИРЗ информираат дека највисоко ниво на учество во севкупниот увоз досега е регистриран во зоните во март, односно 36 проценти, како и дека месечниот увоз во ТИРЗ во 2021 година го надминува месечниот увоз за ист период во изминатите четири години. Спореде анализата тоа се 243 милиони евра односно 87 милиони повеќе од истиот месец лани.

Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски најави нови странски инвестиции, а вели дека трендот на раст на увозот е поврзан со зголемената инвестициска активност во зоните.

-Изминативе пет месеци успеавме да поттикнеме инвестициски проекти кај 15 компании кои вкупно тежат околу 250 милиони евра и кои предвидуваат отворање на дополнителни 5.500 нови работни места. Едната е инвестиција во девет цифри, односно повеќе од 100 милиони евра. Со овие компании разговараме во моментов и можам да кажам дека добар дел од нив веќе се во фаза во која подготвуваме одредени симулации за тоа што компанијата може да очекува како поддршка од државата што е чекор пред склучување на договор, изјави Деспотовски.

Редовната месечна анализа на Дирекцијата на ТИРЗ за месец март покажува продолжување на позитивниот тренд и во однос на покриеноста на увозот со извозот. Така, во март оваа година, нето извозот е 5 проценти, додека на државно ниво за месец февруари овој однос е  -21 отсто. Анализата покажува дека и бројот на вработени останува стабилен, бројот на вработени во компаниите е 14.000 лица, додека дел од нив веќе имаат постапки за отворање нови работни места.

-И во услови на криза предизвикана од Ковид-19 бројот на вработени останува стабилен, а кај дел од компаниите континуирано расте. Дури 60 проценти од компаниите имаат зголемен број на вработени. Покрај 14.000 наши сограѓани кои работат во зоните, само актуелните инвеститори, без оние со кои сега разговараме се обврзани да отворат уште дополнителни 7500 работни места во следните неколку години. Наша цел е со посебни мерки да го забрзаме овој процес, додава директорот на ТИРЗ.

Дирекцијата на ТИРЗ информира дека во 2020 имаат регистрирано раст на просечната бруто плата од 5,5 проценти и просечна нето плата од 2 отсто, со стабилен број на работни места.

извор: МИА

Next Post

Пладневен преглед: „Куририте“ на Фамилијата не можат да го прежалат Камчев, не престануваат со лажни вести, мета им е полицијата, утре пристигнуваат 10.000 вакцини „Фајзер“, Косово сеуште не дало одговор за екстрадацијата на Исмаиловиќ

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk