ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МОН најавува серија на дигитални услуги – Веќе достапна можноста за онлајн нострификакција на дипломи стекнати во странство

April 19, 2021 10:43
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Ангел Јанков е млад претприемач и еден од првите во земјава кој преку платформата uslugi.gov.mk ја нострифицираше својата диплома од магистратура по историја и социјални студии стекната во Франција, а преку новововедената електронска процедура на Министерството за образование и наука.

МОН, во соработка со Центарот за управување со промени (ЦУП), а со финансиска поддршка на Британската Влада, како и со поддршка на Министерството за информатичко општество и администрација, дигитализираше дел од своите услуги, меѓу кои спаѓа и процедурата за признавање и еквиваленција на образовни квалификации стекнати во странство.

„Оваа нова услуга е вистински пример за тоа како една државна институција може да биде вистински сервис за граѓаните, особено да ги следи потребите на младите. Процедурата е многу едноставна. Со само неколку клика ги пополнив податоците и ги прикачив потребните документи. За кратко време ме контактираа од Министерството за да си ја подигнам нострифицираната диплома“, вели Ангел Јанков.

Сред пандемија, потенцира тој, кога социјалните контакти е неопходно да ги сведеме на минимум, ова е вистинскиот начин за комплетирање на административните процедури со државните институции. Ви препорачувам на сите да ја користите веб страната uslugi.gov.mk и со тоа да дадете придонес кон целосна дигитализација на нашето општество.

Ова е дел од акцискиот план на МОН кој предвидувадигитализација на образованието, односно овозможување на дополнителна можност за сите граѓани кои ќе изберат услугите да ги користат во дигитална форма, односно на поедноставен начин да ја остварат потребната јавна услуга.

„Наша цел е преку можностите кои ги нуди дигитализацијата да овозможиме поефикасни и поквалитетни услуги за сите, а особено за младите кои многу почесто го избираат начинот за онлајн комуникација со институциите. Пандемијата го забрза процесот на дигитализација на образованието и не исправи пред многу предизвици, но истовремено дополнително не поттикна напорно да работиме на развојот на дигиталното образование во земјава. Овој пристап значи и нов квалитет и поголема сигурност, а ваквите мерки и активности ги покажуваат конкретните предности и придобивки за сите. Како Влада и Министерство, заедно со нашите партнери, продолжуваме да вложуваме во дигитален развој со цел да изградиме модерен образовен систем и јавни услуги кои се лесно достапни за сите“, изјави министерка за образование и наука, Мила Царовска.

Покрај нострификација на дипломите од основно, средно и високо образование во странство, МОН воведува електронски уписи во основно училиште, ги дигитализира и конкурсите за стипендии, а со изработениот позадински софтвер се овозможува и електронско водење и решавање на предметите од страна на комисиите во Министерството.

„Ние сме посветени на поддршка на процесот на дигитализација во јавниот сектор со цел трансформација на постоечките системи со воведување на пофлексибилни начини за пристап до јавните услуги. Целта на нашиот проект е развојот на нови, електронски дигитални услуги кои ќе се користат како модел за понатамошна дигитализација на целокупниот јавен сектор“, истакна Неда Малеска Сачмароска, извршна директорка на Центарот за управување со промени.

Процесот на дигитализација на услугите на МОН се реализира со поддршка од Центарот за управување со промени и Британската амбасада во Скопје, кои се партнери во унапредување на стандардите во сите општествени сегменти, вклучително и во унапредувањето на јавните услуги за граѓаните.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Официјално е објавено формирање на Супер лигата од најтрофејните европски клубови

НАЈНОВО

Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

September 16, 2025

Началникот на ГШ на Армијата Лафчиски на конференција на САД-Јадранската повелба (А-5) во Тирана

September 16, 2025
Фото: ДЗС

ДЗС: Изгаснат пожарот во депонијата „Дрисла“ што избувна синоќа

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk