ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Репортери без граници ја рангира Северна Македонија на 90 место, напредок од две места од минатата година

April 20, 2021 10:03
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Последниот извештај на Репортери без граници за сите земји во светот е објавен денеска, Северна Македонија бележи подобрување од две места во глобалниот индекс, но се соочува со критики за заканите и нападите кон новинарите и медиумите, јави дописничката на МИА од Брисел.

Организацијата за слобода на медиумите и заштита на новинарите во светот нагласува дека ситуацијата со медиумите се влошува во сѐ повеќе земји во светот и дека пандемијата од Ковид-19 се злоупотреби за да се ограничи работата на новинарите.

Најдобро котирана останува Норвешка петта година по ред, следуваат Финска, Данска и Шведска. На дното се Северна Кореа на 179-то место, потоа Туркменистан и Кина.

Северна Македонија од 92 се искачи на 90-то место во глобалниот индекс, но описот на состојбата е критичен за 2020 година, а земјата е полошо пласирана од Босна и Херцеговина, Албанија и Косово, но подобро од Србија, Црна Гора и Бугарија.

Како поради пандемијата така и поради парламентарните избори.

-Ситуацијата со медиумите се влоши, високи владини претставници продолжија да им се закануваат и да навредуваат медиуми, а сајбер вознемирувањето и вербалните напади кон новинарите се зголемија на социјалните медиуми. Сето ова послужи да се засили добро вкоренетата култура на неказнивост, пишува Репортери без граници за состојбата со слободата на медиумите во Северна Македонија во 2020.

Организацијата забележува и дека пандемијата, како на многу други места во светот, ја усложни работата на новинарите на терен.

-Медиумските организации силно се противеа на разните предложени амандмани за законот за аудиовизуелни медиуми кои би овозможиле државно рекламирање во медиумите. Тие се противат на ова врз основа на фактот што тоа ќе охрабри клиентелизам, стои во освртот на Репортери без граници за Северна Македонија.

Според невладината организација, промените во кривичниот законик кои ги подготвува Министерството за правда би требало да донесат поголема заштита за новинарите во државата.

Next Post

Уапсени грчки државјани за пренесување оружје и дрога од Северна Македонија во Грција

НАЈНОВО

Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

November 6, 2025
Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk