ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Угостители протестираа со политички провокации, без заштита на јавното здравје и премолчаа дека примиле 37,5 милиони евра државна помош

April 20, 2021 14:01
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Дел од угостителите и туристичките работници излегоа на протест со партиско – политички декор, а говорниците наместо да зборуваат за бројките со владина помош кон овој сектор, тие говореа како да е партиски митниг.

Изборниот слоган на СДСМ „Можеме“ го искористиле угостителите и туристичките работници за да направат транспаренти со слоган „Ќе можете ли?“ Говорниците своите политички пораки до владата ги испраќаат од говорница на Сојузот на стопански комори, па затоа се наметна прашањето дали коморите стојат зад денешниот политички мотивиран протест? Јавноста треба да знае дека Сојузот на стопанските комори е постојан партнер на владата во креирањето антикризни мерки, од првиот, па се до шестиот пакет, исто како и синдикатите, експертската јавност и други релевантни фактори.

Оттаму, нејасно е зошто Сојузот на комори дозволил на нивна говорница, некои угостители и туристички работници да навредуваат и критикуваат врз политичка основа? Ако коморите се согласуваат со ставовите на угостителите, пред се оние политичките, тогаш зошто таквите прашања не ги отворат во дијалог со владата, но доколку не се согласуваат тогаш коректно е на јавноста да и соопштат за тоа, како и за злоупотребата на нивната говорница.

 

Инаку, кога е актуелна забраната за групиурање на јавен простор, угостителите целиот протест го поминаа во поголеми групи, со по 10, 15, 20 лица, од кои дел не користеа ниту заштитна опрема. Со ваквото однесување против мерките за заштита на јавно здравје, демонстрантите ги ставаат надлежните институции во непријатна ситуација, ако не напишат казни за групирање, тогаш јавноста критикува дека биле казнувани и помали групи од денешните, но ако надлежните почнат да казнуваат веднаш ќе се изврти тезата дека власта спречува мирен протест со пишување казни.

А зошто угостителите во партиските тонови од протестот не зборуваа за фактите и помошта од сите пакети со антиркизни мерки? Затоа што примиле седум пати повеќе пари од тоа што придонесуваат во домашната економија? Ова е факт кој не може да се игнонира и сокрие.

Имено кога бројките те демантираат, во случајов дека овој сектор добил 37,5 милиони евра од државата, тогаш е најлесно политички да се оцрнува. За илустрација, во сите четири пакети антикризни мерки кои беа спроведени во текот на 2020 година, директните плаќања од буџетот се во износ од 350,5 милиони евра, додека за секторот угостителство и туризам се потрошени 37,5 милиони евра, што е 10,7 отсто од вкупната помош од секторите во кои се извршени директни плаќања од буџетот кон крајните корисници.

Ако направиме споредба на уделот во БДП на РСМ кој овој сектор го имал за 2019 година од 1,54%, се доаѓа до заклучок дека угостителството и туризмот биле поддржани седум пати повеќе отколку што придонесува во домашната економија. Оттаму логично се наметнува прашањето зошто вработените во овие сектори излегуваат на протести ако не се политички мотивирани? Нивниот сектор е постојано поддржуван со владините антикризни мерки, уште од март минатата година.

Д. Е.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Русија и Украина не постигнаа договор за прекин на огнот, ќе има размена на војници и цивили

July 23, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

ЕУ го отвора патот за Албанија за последното поглавје од преговорите

July 23, 2025

Каранфилова Пановска: Штетна е Резолуцијата што ја нуди ВМРО-ДПМНЕ, отвора прашање за јазикот што веќе е затворено

July 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот од видео на CNN

    (ВИДЕО) CNN eксклузивно: Новооткриените фотографии и видео ги потврдуваат врските на Трамп со Џефри Епштајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Театарот на Мицкоски за „внатрешни непријатели“ е обид да се сокрие вистината за бугарските пасоши

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ го отвора патот за Албанија за последното поглавје од преговорите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk