ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Видео-средба на претседателот Џафери со Бергман и Броз

April 20, 2021 16:58
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери оствари видео-средба со известувачите од Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа за локална демократија во Северна Македонија, г. Харалд Бергман од Холандија и г. Зденек Броз од Чешката Република. На состанокот присуствуваше и претседателката на Комисијата за локална самоуправа, г-ѓа Ане Лашкоска.

Известувачите се интересираа за тековната работа на Собранието поврзана со прашањата на локалната самоуправа и во таа насока, претседателот Џафери информираше за Стратегијата за регионален развој 2021-2031, донесена од Собранието на почетокот на април, како плански документ со кој се утврдуваат приоритетите на регионалниот развој во државата и се дефинираат мерките и финансиските средства за нивна реализација. Ги извести дека Собранието ги усвои и измените на Изборниот законик со кој се одложија локалните избори од првата за втората половина на октомври и изрази очекување дека Делегација на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа ќе ги набљудува локалните избори.

Зборувајќи за улогата на Комисијата за локална самоуправа, г-ѓа Лашкоска нагласи дека сме една од ретките држави која има Министерство за локална самоуправа и сходно на тоа и Комисија и изрази надеж дека, Законот за рамномерен регионален развој усвоен неодамна, ќе придонесе за ревитализација на селата и развој на подрачјата со специфични развојни потреби а со тоа ќе се спречи иселувањето од руралните средини.

Соговорниците разменија мислења и за фискалната децентрализација, за изворите на финансирање на општините, како и за работата во услови на пандемија.

Претседателот Џафери нагласи дека и покрај предизвиците со кои се соочуваме поради пандемијата и напорите да се ублажат ефектите врз економијата, посветено се работи на градење на функционален децентрализиран систем, со цел да се подобри квалитетот на јавните услуги и да го забрза економскиот раст и развој. Притоа, тој истакна дека помошта и поддршката од меѓународните партнери е од исклучителна важност.

Конгресот на локалните и регионалните власти е институција на Советот на Европа, одговорна за зајакнување на локалната и регионалната демократија во нејзините 47 земји-членки и за проценка на примената на Европската повелба за локална самоуправа, како клучен меѓународен договор за заштита на правата на локалните и регионалните власти. Последниот извештај за Република Северна Македонија е изготвен во 2012 година.

Next Post
Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Владата донесе Одлука со која го прогласи Аквадуктот за споменик со највисок степен на заштита

НАЈНОВО

Втор круг локални избори во 18 општини во Косово, воведени дополнителни безбедносни мерки

November 9, 2025

Дијана Хрка му одговори на Вучиќ: Нема да му простам

November 9, 2025
ВИ

Издадено предупредување за цунами во Јапонија по земјотресот од 6,8 степени

November 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk