ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Турска донација од 7.400 комплети гортекс униформи за припадниците на Армијата

April 21, 2021 13:35
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Aмбасадорот на Република Турција, Хасан Мехмет Секизкок денеска во скопската касарна „Илинден“ и предаде на министерката за одбрана Радмила Шекеринска донација за армијата од нови 7.400 комплети гортекс униформи. Таа најави дека веќе е завршена набавката на втора нова борбена униформа за сите припадниц, финиширана е свечената униформа за припадниците на Армијата, а обезбедна е и нова АБХ опрема и спорстка опрема за сите припадници на Армијата.

Со оваа донација, нагласи Шекеринска, секој припадник на Армијата на РС Македонија, се обезбедува целосна опременост, со што, како што рече, можеме гордо да кажеме дека македонската aрмија е опремена aрмија. Освен основната опрема, посочи, ќе добие и одело гортекс што овозможува живеење, вежбовни активности и операции во секакви временски услови.

Заблагодарувајќи му се aмбасадорот на Турција и на военото аташе за донацијата, министерката Шекеринска истакна дека ова е само мал дел од поддршката што Турција ја дава и нагласи оти нашата соработката не се однесува само на дискусии околу безбедноста и на политички пораки, дури не ги опфаќа и само заедничките учества во операции, туку тоа значи и учество и соработка на вакви важни проекти за македонската армија.

– Во изминатите години во нашата политика за приклучување во НАТО, Турција беше гласен и постојан сојузник, беа присутни на состаноците со Алијансата со пораки за поддршка за нашата држава и истакнуваа дека стабилноста на регионот може само да порасне доколку се приклучиме во НАТО. Поддршката не се сведуваше само на политички пораки, туку во сите години изминати соработката подразбираше и поддршка во напорите за модернизација и за опремување на Армијата, изјави меѓу другото министерката Шекеринска по примопредавањето на донацијата.

Aмбасадорот Хасан Мехмет Секизкок потенцира дека соработката помеѓу нашите земји што се базира на сигурни темели, ќе продолжи да се развива во сите области и во наредниот период. Турција како напредна земја во областа на одбранбената индустрија, рече тој, ќе продолжи да дава секаков вид поддршка при модернизацијата на војската на РС Македонија.

Според амбасадорот Мехмет Секизкок, блиската соработка помеѓу Турција и Македонија, што датира од самата независност на земјата, може да претставува пример во сите области и се пренесува и во денешницата.

– Моќните врски на военото поле го потврдуваат фактот колку обострано си посветуваме внимание за нашата безбедност. Конечното зачленување на Македонија во НАТО пред една година, членство што долги години го заслужуваше ќе овозможи уште помоќно вкоренување на заедничките вредности на Алијанста низ Балканскиот регион, изјави  амбасадорот на Република Турција, Хасан Мехмет Секизкок во скопската касарна „Илинден“, по предавањето на донацијата од униформи за  македонската армија.

извор: МИА

Next Post

Бас Рапид Транзит системот ќе биде интегриран во јавниот транспорт и ќе има единствена карта, најави Шилегов

НАЈНОВО

Скриншот

Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

October 28, 2025

ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk