Триесет години СДСМ заедно со граѓаните, триесет години работа и посветеност за татковината!
„Својата државотворност ја вградивме во секој процес што денеска значи модерна, европска, напредна држава, партнер и сојузник на демократскиот свет. Од Денот на независноста, приемот во Обединетите нации, формирањето на Армијата, кандидатскиот статус со ЕУ, рушењето на режимот, до приемот во НАТО и градењето едно општество за сите, во континуитет покажуваме зошто сме државотворна партија определена да работи за подобра иднина на сите граѓани.“ велат од СДСМ.
„Тоа е нашата мисија секој ден во овие изминати 30 години. Денес, СДСМ е најпрогресивната, најдинамичната и најсилната политичка партија, партија со најголема доверба од граѓаните, партија која поставува нови стандарди на македонската политичка сцена“, стои во статусот на СДСМ на Фејсбук.
– Продолжуваме посветено да работиме за граѓаните, за татковината, за напредна и развојна Република Северна Македонија, додаваат од СДСМ.