ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: СДСМ е верна и посветена на граѓаните и на државата

April 21, 2021 21:11
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Минатото и сегашноста се нашиот темел, нашата сила – зачекори кон иднината. Пред нас е важен период, особено во надминување на последиците од коронакризата, ставање конечен крај на падемијата и раст на нашата македонска економија. Како и досега СДСМ и во овие процеси ќе покаже одговорност, државотворност, храброст и посветеност и заедно со граѓаните ќе ги надминеме предизвиците што стојат пред нас и заедно со граѓаните повторно ќе бидеме на победничка страна на светлата страна на македонската историја.

Ова вечерва го истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев на одбележувањето на 30-тиот роденден на партијата. Најави дека и во иднина ќе работат одговорно и посветено во интерес на граѓаните и државата, а промените ќе продолжат во мај кога ќе се одржи конгресот на партијата.
Заев истакна дека СДСМ е државотворна партија и потсети на меѓународното признавање, приемот во ООН, создавањето на македонската Армија, Охридскиот рамковен договор, поголемиот степен на децентрализација со територијалната поделба, градењето модерно демократско општество, па се до кандидатскиот стаус за ЕУ, Договорот од Преспа, решавањето на отворените прашања со соседите, приемот во НАТО, создавањето едно општество за сите, одлуката за почеток на преговорите со ЕУ.
Нагласи дека со храброст и визија ја презеле одговорноста да ја водат новата Влада и, како што рече, веднаш покажале огромна разлика. – Ги вративме слободата и демократијата, ги отворивме институциите, се посветивме на мерките и политиките кои донесоа економски раст, повисоки плати и пензии и повисок животен стандард, рече Заев.
На меѓународен план, како што посочи, државата е вратена на патот на евроинтеграциите, решен е долгогодишниот спор со Грција, заштитен е идентитот и земјава е 30 земја членка на НАТО.
Заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска во своето обраќање порача дека избрале да бидат одговорни и да се справат со задачи кои, како што рече, изгледале неверојатни.
-Битката низ која се калевме не направи посилни да испорачаме резултати на овие крупни прашања. По 30 години зборување ова беше Владата која на своите граѓаните им испорача членство во НАТО, рече Шекеринска. Потсети дека работеле и на други важни прашања, како битка за минимална плата, едно општество за сите…
Преку видео обраќање се обрати и генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски, кој порача дека ќе продолжи борбата против криминалот и обезбедувањето на правда за сите. Нагласи дека во внатрешно партиското делување поставиле нови и високи стандарди, а со нов начин на работа, според него, СДСМ се гради како најодговорна и отворена партија во земјава, за нови членови и идеи.
Се обратија и Едмонд Адеми, претставници од Форумот на жени на СДСМ, од младите, од повозрасните членови на партијата.
извор: МИА
Next Post

„Фолксваген ИД.4“ прогласен за најдобар автомобил во 2021 година

НАЈНОВО

Два руски воени авиони навлегле во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Заклучоци од Самитот на ЕУ: Конкурентност, поедноставување и избалансирани транзиции

October 23, 2025

Мециновиќ: Левица ќе биде обединувачка сила на сите антивладини гласови во Скопје

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk