ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Се договоривме да го обновиме раководството на СДСМ и да дадеме шанси на нови луѓе

April 22, 2021 14:52
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев изјави дека тој и потаму ќе соработува со Радмила Шекеринска и покрај нејзината најава дека нема намера да се кандидира за трет мандат на позцијата заменик претседател на партијата, додавајќи дека со неа и со огромен процент од раководството се договриле да го обноват партиското раководство.

– Радмила Шекеринска ја најави оставката и во разговор со мене сподели дека нема намера да се кандидира за заменик претседател за трет мандат. Заедно со Радмила во 2013 година, јас како претседател, а таа како заменик претседател, презедовме да го водиме СДСМ во едно извонредно тешко време. Јас ја почитувам. Покрај сите други и ѓраѓаните, таа е една од најзаслужните за нашето членство во НАТО, за кандидатскиот статус со ЕУ, за добиената одлука за почеток на преговори со ЕУ, и за многу процеси во државата важни за граѓаните. Знам дека ќе продолжиме понатаму да соработуваме, таа е мој другар или другарка без разлика каде ќе се најде во иднина во СДСМ или во општеството. Во општеството сигурно, секако заради целото нејзино искуство и верувам дека на многу заеднички проекти или предизвици ќе соработуваме во периодот кој што претсои, рече Заев на новинарско прашање по пуштањето во употреба на Фотоволтаична централа во селото Теново во Општина Брвеница.

Во однос на информациите дека Шекеринска ја одбила позицијата на амбасадор на земјава во Вашингтон и дека се дистанцирала од лидерот на партијата, Заев вели дека тоа е прашање за неа, а за него таа е и останува близок соработник.

– Таа е мојот прв соработник како заменик претседател во СДСМ. Во првата Влада која што ја водев 2 години и 6,5 месеци беше заменик претседател на Владата и министер за одбрана, сега е министер за одбрана и навистина е еден од првите мои соработници. За амбасадор немаме разговарано, реално. Некои долгото држење празно место во Вашингтон го поврзуваат со оваа работа, но немаме разговарано заради тоа што таа е министер за одбрана и не е ред, ниту е чест и би било невнимателно да се разговара за едни такви позиции. Мислењето на Радмила за Зоран Заев може да го каже Радмила и немам сомневање какво мислење со мене ќе сподели заради тоа што работиме секој ден за мал милион предизвици. Дефинитивно имаме уште многу што заедно да работиме во животот, вели премиерот Заев.

Прашан како тоа ќе влијае во партијата, Заев појасни дека со Шекеринска и со огромен процент од раководството се договриле да го обноват раководството на СДСМ.

– Тоа му го должиме на нашиот народ и на социјалдемократите, да дадеме шанси на нови луѓе, на нови ликови. Знаете дека и како кандидат за претседал на 21 март главната порака беше нова политика. Таа политика треба и кадровски и со конкретни чекори да ја покажеме. Луѓето сакаат во 21 век во третата деценија новини, инвентивности кои што ќе го забрзаат растот и развојот на државата, ќе донесат со подинамично темпо повеќе среќа, повеќе економски благодети кај нашиот народ, Тоа е наш заеднички концепт, ние до денденеска работиме и ќе продлжиме да работиме без разлика кој во иднина како ќе биде поставен на своите обврски и одговорност, истакна Заев.

Тој отфрли секаква поврзаност на случајот „Рашковски“ со Шекеринска и посочи дека една од главните заложба на Владата е законот да важи еднакво за сите, потенцирајќи дека „нема недопирливи, како што нема ни виновни додека не се докаже тоа“.

– Апсолутно во овие неколку години ја свртивме областа во делот на владеење на правото целосно во позитивна насока. Покажавме како на транспарентен начин, без какво било влијание, можат да работат и Обвинителството и судството. Дали е тоа преку постапките на Јавното обвинителство или преку судските рочишта секојдневно. Водиме транспарентни постапки кои секојдневно дефинитвно се најголемиот коректив за одговорноста при работењето и апсолутно не гледам никакви точки на поврзаност на случајот „Рашковски“ со тоа што Радмила нема да биде повторно кандидат за заменик претседател на СДСМ, истакна премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев.

извор: МИА

Next Post

Максим Димитриевски очекува од ВМРО-ДПМНЕ обештетување од 1 денар и јавно извинување за клевета согласно правосилна пресуда

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk