ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Белград наесен во Скопје отвора Српски културен центар

April 23, 2021 18:19
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Зоран Заев (фото: Кирил Михаилов)

Зоран Заев (фото: Кирил Михаилов)

Share on FacebookShare on Twitter

Српската заедница во Македонија на есен треба да го добие Српскиот културен центар во Скопје, како резултат на договорот меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и македонскиот премиер Зоран Заев, изјави Милутин Станчиќ, директор на Управата за унапредување на јазиците на заедниците во Скопје, јави дописникот на МИА од Белград.

Станчиќ за РТС изјави дека заедно со Саша Богдановиќ, градоначалникот на скопската општина Центар, го иницирале тој сеопфатен проект, кој беше поддржан од претседателот Вучиќ, и од српското Министерството за образование, Институтот за заштита на спомениците на културата и собранискиот Комитет за дијаспора.

– Идејата се појави како потреба за Србите во Македонија, кои според последниот попис од 2002 година, се околу 40.000, конечно да добијат Културен центар. Исто така, потребно е тие институционално да се зајакнат, да се грижат за наследството, да го зачуваат јазикот и писмото, што се сите предуслови за зачувување на идентитетот во долгиот период на асимилација, изјави Станчиќ.

Тој додава дека 15-годишната работа и искуство на српската невладина организација „Спона“, која печати списанија на српски јазик, организира трибини, научни собири, театарски претстави и концерти низ цела Македонија, ја покажало потребата од Културен центар зад кој би застанала државата Србија.

– Денес е тешко точно да се разјасни што и како луѓето чувствуваат и подразбираат под основите на својот идентитет, кажа Станчиќ, додавајќи дека Српската куќа ќе биде основана како еден вид рехабилитација и спречување на натамошната асимилација на Србите.

– На луѓето им треба нешто постојано, секогаш присутно, дизајнирано со српски културни национални карактеристики и приемчива содржина за да ги потсетува и храбри во разјаснувањето и поддршката на спознанието дека сме тука со векови и дека треба да не биде и во иднина, оцени Станчиќ.

Во исто време, Србија и градот Белград подготвуваат услови Северна Македонија да добие сличен центар во Белград, заклучи Станчиќ.

Македонскиот премиер Зоран Заев претходно најави враќање на српскиот јазик како изборен предмет во училиштата во Северна Македонија, како и изградба на Српски културен центар во Скопје и Македонскиот културен центар во Белград.

извор: МИА

Next Post

„Ретвитни оброк“ третпат во Кабинетот на претседателот Пендаровски

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Досега 30 репрезентации изборија учество на СП 2026

November 15, 2025

Младински хор од Солун ќе одржи концерт во Скопје – приредува мало изненадување за деца од Кочани

November 15, 2025
Фото: Maria Oswalt / Unsplash

Во САД извршена уште една смртна казна: 44-годишиот Стивен Брајант, осуден за тројно убиство

November 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Генерирано со ВИ

    Што треба да знаете ако случајно проголтате семка од јаболко – дали може да биде опасно?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откриената ДНК на Хитлер отвори голема етичка дебата – требаше ли да се проучува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маск со нова шокантна идеја: Наместо затвор – осуденици придружени од роботи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ си игра “six- seven” мајтап со членството на Македонија во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk