ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Царовска на средба со Сојузот на просветни работници: Со новиот закон ја гарантираме сигурноста на работните места и ги мотивираме наставниците

April 23, 2021 15:07
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Нашите наставници подолго време апелираа дека се неопходни драстични промени во воспитно – образовниот систем коишто ќе ја подобрат наставата, но и ќе ја подигнат мотивацијата за работа и конечно се задоволни затоа што тие промени се случуваат преку еден плански и заеднички пристап на институциите на системот со сите засегнати страни. Согласно тековните активности и најавените новини од септември, нивните очекувања се со стартот на новата учебна година сликата во училиштата да почне значително да се менува.

Ова е заклучокот од денешната средба на министерката за образование и наука Мила Царовска и претставници на Сојузот на просветните работници на која фокус беа измените на Законот за наставници и стручни соработници, но и воопшто реформите со кои се соочува националниот образовен систем особено во делот на основното образование.

 

Претставниците на Сојузот изразија задоволство што конечно со нови законски одредби се намалуваат грижите на наставниците поврзани со сигурноста на работното место и што ќе можат да се фокусираат исклучиво на креативна реализација на наставата. Повеќе нема да има вработувања на определено време, туку само на неопределено, а ќе се трансформира и работниот однос на оние кои во моментов на стапување во сила на законските измени се ангажирани со договори на одреден период, доколку истите ги исполнуваат законските услови.

Велат дека е особено важно што се дефинираат компонентите на платата на наставниците и стручните соработници и што училиштата ќе може да исплаќаат додатоци кои во минатото не се исплаќаа, како додаток за одделенско и класно раководство, додаток за работа во ридско – планинско подрачје и слично. Според нив, праведно е и што со порастот на минималната плата, ќе расте и нивната.

Можностите за кариерен напредок дел од нивите членови веќе ги искористиле, односно аплицирале на повикот кој МОН го објави пред извесен период и се во постапка за напредување во звање, за што се добива дополнителен месечен приход.

Министерката Царовска рече дека наставниците се најважната алка во воспитно – образовниот процес и од нив, од нивната креативност и мотивација за работа, најмногу зависи квалитетот на генерациите кои излегуваат од училишните клупи. Оттука произлегуваат и новите законски решенија со кои се подобрува општествениот статус на наставниците и на стручните соработници.

„Без вас наставниците не би можеле да ја спроведеме ниту најдобро напишаната реформа на хартија. Важни сте и мора така и да се чувствувате. Сите знаеме колку задоволството од работата и желбата за работа влијаат на крајниот исход и на резултатот. Во овој случај, крајниот исход е поврзан со иднината на државата, со создавањето на квалитетен кадровски потенцијал. Затоа, како Влада излегуваме во пресрет и ќе продолжиме со позитивните политики кои ве засегаат и обезбедуваат повеќе и подобри можности за секој вработен во училиште“, рече Царовска.

Измените на Законот за наставници и стручни соработници се веќе во собраниска процедура и се очекува да бидат усвоени во следните неколку денови.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Опис на сликата: Новата месечина, темен  кратерен круг со тенок осветлен срп одоздола, лебди над закривениот хоризонт на Земјата за време на орбитално зајдисонце. Гледано од Меѓународната вселенска станица, атмосферата на Земјата свети во сина лента наспроти темната позадина на вселената. Photo: NASA

НАСА: Новата месечина изгледа невидлива од површината на Земјата, но од вселената открива поинаква убавина

July 24, 2025

Зеленски го одобри нацрт-законот за заштита на независноста на институциите за борба против корупцијата

July 24, 2025

Обвинетиот за обид за убиство на Трамп повторно пред суд, бара да се брани сам

July 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скриншот

    (ВИДЕО)Се урна авионот што исчезна над Русија, се верува дека нема преживеани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа или Истокот? Конфронтација меѓу ДУИ и ВЛЕН за геополитичкиот курс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тајланд започна воздушни напади врз камбоџански воени цели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk