ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Кемет Електроникс“ ја проширува својата фабрика во Бунарџик

April 23, 2021 14:36
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со инвестиција од 10 милиони евра американската компанија „Кемет Електроникс” го проширува капацитетот на фабриката во ТИРЗ Скопје 1. Се прави нова линија за автоматско производство на кондензатори за автомобили, како и нова хала, а се отвора и Центар за истражување и развој на нови кондензатори и просторија за тестирање на нови материјали.

Со тоа се предвидува бројот на вработени од сегашните 270 да се зголеми на 500. Според најавите, новата линија треба да биде  пуштена во функција од август годинава, а новата хала да почне да функционира во мај 2022 година.

„Кемет Електроникс“ ја отвори фабриката во Скопје во октомври 2012 година. Наменета е за производство на електронски производи наменети за вселенската, авионската, воената и автомобилската индустрија.

Фабриката е лоцирана во технолошко-индустриската развој на зона Бунарџик на површина од 11.000 квадратни метри, од кои  9.000 се производствен капацитет.

-„Кемет Електроникс“ и во пандемиската 2020 година имаше стабилен број на вработени и во споредба со 2019 година раст на бруто платат од шест отсто. Токму поинтензивниот раст на платите на вработите во зоните ни е основната цел за наредниот период, рече Деспотовски при денешната посета на фабриката заедно со премиерот Зоран Заев.

Тој посочи дека на разговорите со менаџерскиот тим неофицијално било посочено дека имаат намера да ја зголемат инвестицијата.

-Очекувам со новите инвестиции да се удвои првичната инвестиција од 2011 година, рече Деспотовски.

Нагласи дека првиот квартал од годинава бил рекорден за компаниите во зоните по однос на обемот на работа  и извозот се зголемил за 41 отсто во споредба со истиот период од 2018 година или 30 проценти во однос на лани со што, како што рече, достигнал до 775 милиони евра квартално или за 300 милиони повеќе од пред четири години.

Премиерот Заев истакна дека одлуката на „Кемет Електроникс“ за проширувањето на капацитетите во Бунарџик доаѓа од една од најреномираните светски компании за производство на електронски компоненти со широк спектар на применливост.

-Елекетрониката на „Кемет Електроникс“ денес може да се најде во различни индустрии од производството на вселенски летала  до производи кои се користат во секојдневието. Компанијата е основана во 1919 година и над 100 години работи на развој на технолошки иновации во 20 фабрики во Европа, Северна Америка и Азија со над 10 илјади вработени. Заради тоа е многу значајно што оваа компанија, која веќе работи нешто повеќе од седум години во нашата земја, одлучи да ги прошири своите капацитети, рече Заев.

Тоа, како што нагласи, говори за довербата на компанијата за добрата бизнис клима и посочи дека условите што ги нуди земјава за инвестирање и развој ја прават голем партнер како што се и Мексико, НР Кина, Италија, Велика Британија, Португалија, Финска, Шведска, Индонезија, Германија и Бугарија, земји во кои „Кемет Електроникс“ има свои компании.

-Владата во последните четири години во континуитет ја поддржува грижата за постоечките инвеститори и работи на привлекување на нови инвестиции од странските компании. Го стимулираме и вложувањето во развој на домашните компании се во интерес на побрз и одржлив економски раст, но и подобар живот на граѓаните. Партнерскиот однос кој Владата го гради со компаниите кои функционираат во земјата, како и за поволната бизнис клима која поттикнува нови инвестиции и развој на компаниите придонесе од септември 2020 година да бидат потпишани 48 договори за државна помош со компании кои аплицираа по Законот за финансиска поддршка на инвестициите.  Дополнително од септември минатата година до денес потпишавме пет договори за нови инвестиции за странски компании во земјата, рече Заев.

Станува збор, додаде, за инвестициите на ВИК и Протекс, Пурпласт, Магна и втората инвестиција на Дрекслермајер во Куманово.

-Имаме уште други 15 компании кои ги препознаваат поволностите за поддршка на странски директни инвестиции и веќе ги започнаа постапките за стекнување државна финансиска поддршка за нивните следни инвестиции. Станува збор за компании од Турција, Германија, Јужна Кореја, НР Кина, посочи Заев и додаде дека од ланскиот септември со поддршка на Владата се во тек вкупно 53 инвестициски проекти  во вредност од 95,7 милиони евра, со кои се создаваат околу две илјади нови работни места.

„Кемет Електроникс“ ја отвори фабриката во Скопје во октомври 2011 година. Наменета е за производство на електронски производи наменети за вселенската, авионската, воената и автомобилската индустрија. Фабриката е лоцирана во технолошко-индустриската развој на зона Бунарџик на површина од 11.000 квадратни метри, од кои  9.000 се производствен капацитет.

извор: МИА

Next Post

Тасевска: За седум месеци отворени 11 објекти на градинки

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk

ПРВА ЛИНИЈА

  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ