ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пауновски и ДПИ како и сите 237 институции имаа детален увид во Планот за распределба, секој службеник ќе работи согласно соодветното образование и Акт за систематизација, Законот мора да се почитува

April 24, 2021 20:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Владата на Република Северна Македонија ги информира граѓаните и јавноста дека преземањето на административните службеници се врши преку распоредување на вработениот на работно место на исто ниво, односно на работно место за кое вработениот ги исполнува општите и посебните услови утврдени во актот на систематизација во институцијата во која се распоредува или се презема.

Сите институции имаа целосен и детален увид во планот за распределба кој содржи податоци за сите вработени кои треба да бидат преземени и распоредени, податоци за нивото на работното место на тековното вработување, податоци за стекнатото образование, како и називот на институцијата во која се презема вработениот. Според планот, ДПИ треба да преземе 32 вработени, од кои 29 на работно место помлад соработник и тројца на работно место помлад референт.

При изготвувањето на Планот, Министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците го имаше во предвид фактот дека видот на образование на вработениот кој се презема треба да биде соодветен на надлежноста на институција во која се презема, односно да ги исполнува општите и посебните услови утврдени во актот на систематизација на работни места во институцијата во која се распоредува, односно се презема.

Членот 12 ги утврдува условите за инспектор и определува дека инспекторот треба да има завршено образование од соодветната област што се докажува со уверение.

Оттаму,  од увидот во образовниот профил на лицата кои се опфатени во Планот за распределба е утврдено дека 24 вработени кои треба да бидат преземени на работни места од категорија помлад соработник, ги исполнуваат општите, посебните услови, односно условот видот на образование да биде соодветен на описот на работното место. Ова значи дека овие лица може да бидат преземени како административни службеници.

Членот 5 од  Законот за преземање на административни службеници вработени преку K-5 програмата во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, е донесен во декември 2020 година, утврдува дека раководните лица во институциите, се должни да ја започнат постапката за усогласување на актите за систематизација на работните места со одредбите од овој закон во рок од 30 дена од денот на усвојувањето на Планот за преземање. Ова го прифатија 237 институции.

Директорот на  Државниот пазарен инспекторат беше писмено известен за сите детали и информации во врска со оправданоста и начинот на распределбата и за тоа дека не ја почитува законската обврска, односно дека во законскиот рок не го прилагодил актот за систематизација на работни места во оваа институција што е дел од постапката за мобилност преку преземање на дел од нераспоредените административни службеници.

Со процесот на распределба се решава децениски проблем, а преземањето на вработените нема финансиски импликации врз Буџетот на Република Северна Македонија, од причина што станува збор за вработени за кои веќе се обезбедени финансиски средства.

Почитувањето на законите и утврдните постапки врз основа на законските одредби се темел на кој се заснова политиката на оваа влада. Тоа е обврска за сите што се дел од институциите, особено за носителите на одговорни раководни функции.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Скриншот

Подарена гитара на „Лед зепелин“ проценета на 50.000 фунти пред аукција

July 25, 2025
Скриншот

Хоророт „Заедно“ се соочува со тужба за авторски права

July 25, 2025
Димитар Николовски

Николовски: Бугарија нема да прифати резолуција без контра-понуда

July 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Поранешниот украински врховен командант Залужни предупредува дека војната со Русија може да трае до 2034 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Патриотизам за домашна употреба: Резолуцијата што ѝ штети на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Фокусот е во Брисел, не во Софија – резолуцијата е за рејтинг, не за решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николовски: Бугарија нема да прифати резолуција без контра-понуда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk