ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шилегов: БРТ ќе придонесе за позелено, попаметно и похумано Скопје

April 24, 2021 10:31
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Висококвалитетниот јавен превоз е насушна потреба на скопјани веќе со децении,

а на таа потреба Град Скопје одговара со воведување систем за брз автобуски

превоз (БРТ) со што Скопје станува позелено, подинамично и попаметно, вели

градоначалникот Петре Шилегов, во колумна за „Слободен печат“.

– Како да не бидеме горди што Скопје е првиот град во овој дел од Европа кој

воведува БРТ (Bus Rapid Transit) систем? Тоа е успех не само за градот, туку и за

целата наша држава. Европската банка за обнова и развој го промовира овој

проект како зелен проект, во рамките на мрежата на зелени градови, во која Скопје

е член од 2019 година. БРТ е токму она што на нашиот главен град веќе со

децении му недостасува – сообраќајно решение за намалување на градскиот

метеж, чекањето на семафори и аерозагадувањето. Новите енергетски ефикасни

автобуси обезбедуваат поквалитетни и почисти услуги кои значително ги

намалуваат емисиите на аерозагадувачи. Подобриот јавен транспорт значи

зголемување на бројот на патници, а намалување на употребата на приватни

возила. Помалку возила значи помал сообраќаен метеж и помалку аерозагадување

од сообраќајот. Токму затоа БРТ се промовира како зелен проект од ЕБОР, а Град

Скопје добива признание за спроведување на еколошки политики. Со БРТ Скопје

ќе продолжи да паѓа на листите на аерозагадување, каде што беше на највисоки

места кога властите спроведуваа нездрави сообраќајни политики – стимулирање

увоз на загадувачи и криминални набавки на 200 двокатни дизелаши кои годишно

трошат 25.000 евра гориво по автобус повеќе отколку МАН-овите на CNG – пишува

Шилегов.

Со БРТ, објаснува понатаму Шилегов, се воспоставуваат две линии со коридори

резервирани само за ултра-еколошки автобуси – од Ѓорче Петров до Ново Лисиче,

и од Бутел до Кисела Вода. Трасата со правец запад-исток е во должина од 12,8 км

во една насока, со 21 станица, а трасата со правец север-југ е во должина од 10,4

км и 20 автобуски станици.

– Модерниот БРТ систем овозможува траса физички издвоена од останатите

учесници во сообраќајот. Со тоа, транспортот на патници станува максимално

ефикасен и побрз, овозможувајќи им да стигнат од еден до друг крај на Скопје за

само 35 минути. Тоа значи 35 минути не само од Ѓорче до Ново Лисиче и обратно,

туку и од Ѓорче до Бутел и од Пинтија до Ѓорче, со менување на линијата во

центар, со иста карта. Зголемувањето на брзината и достапноста на јавниот

транспорт значи и зголемување на бројот на патници кои го користат јавниот

транспорт во Скопје.

Затоа што во повеќето случаи БРТ автобусите се побрз начин на транспорт од

приватните автомобили. Според првичните проценки, вкупниот број на патници кои

ќе ја користат оваа траса е околу 65 илјади луѓе дневно, или околу 24 милиони

патници годишно. Целиот систем за новиот јавен транспорт ќе биде дигитализиран.

Паметниот систем на регулирање на сообраќајот го намалува времето меѓу две

БРТ станици. Компјутерскиот чип во автобусот им сигнализира на сензорите на

патот, кои ги предупредуваат патниците на следната станица дали автобусот

пристига навреме. Преку „при-пејд“ системот на билети ќе може да се купи

единствена карта за еден час и да се користи во останатиот систем на ЈСП и БРТ,

кој ќе биде интегриран во системот на јавен транспорт. Издигнатите платформи

овозможуваат побрзо влегување и излегување од автобусите кои се движат по

свои ленти, што ја зголемува брзината и безбедноста на транспортот – вели

Шилегов.

Градоначалникот е убеден дека брзиот автобуски превоз на двата коридора ќе

значи поквалитетен живот за скопјани – за средношколците, зашто БРТ линиите ги

поврзуваат повеќето скопски средни училишта; за студентите, зашто двата

коридора на БРТ ги поврзуваат повеќето факултети во Скопје; за пензионерите кои

сакаат да испазарат, зашто двете траси ги поврзуваат повеќето пазари и трговски

центри; за малите бизниси кои гравитираат околу двата коридора, зашто БРТ значи

поефикасно водење бизнис, а намалувањето на времето на транспорт и

намалувањето на градскиот метеж значи поефикасно работење и поуспешен

бизнис.

– Кога е нешто добро, треба да се каже дека е добро. Започнувањето на

реализацијата на БРТ проектот е историски ден за Скопје и скопјани. БРТ ќе биде

костурот на јавниот транспорт во Скопје во наредните 100 години. Реализацијата

на целиот проект изнесува околу 70 милиони евра – една десетина од вкупната

сума од околу 700 милиони евра потрошена на „Скопје 2014“. Претходниот

градоначалник на Скопје имал обид да донесе трамвај по истата траса на која

денес работиме. Само трасата од Ново Лисиче до Ѓорче би чинела 150 милиони

евра. За среќа, не успеа, зашто е прескапо. Затоа, кога е нешто добро, треба да се

каже дека е добро. ДПМНЕ работеле на нешто што чини 150 милиони евра само за

една траса, а ние работиме на нешто што чини 70 милиони евра за две траси. Како

може да им е во ред трамвај за 150 милиони евра во еден правец, а да не им е во

ред БРТ за 70 милиони евра во два правци? И зошто, најпосле, не го изградија

трамвајот кој им остана пуста желба, додека имаа мнозинство во Советот во Скопје

повеќе од две децении? Криво ми е што ДПМНЕ не успева да препознае што е

добро за градските политики. БРТ е добро за Скопје и скопјани. Со БРТ, како

модерна алтернатива на трамвајот, градот ќе се движи побрзо напред. Со брзиот

автобуски превоз, Скопје добива посовремен, похуман, позелен, подинамичен и

побезбеден транспорт, по мерка на граѓаните – заклучува Шилегов, во својата

колумна.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Скриншот

Подарена гитара на „Лед зепелин“ проценета на 50.000 фунти пред аукција

July 25, 2025
Скриншот

Хоророт „Заедно“ се соочува со тужба за авторски права

July 25, 2025
Димитар Николовски

Николовски: Бугарија нема да прифати резолуција без контра-понуда

July 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Поранешниот украински врховен командант Залужни предупредува дека војната со Русија може да трае до 2034 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Патриотизам за домашна употреба: Резолуцијата што ѝ штети на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Фокусот е во Брисел, не во Софија – резолуцијата е за рејтинг, не за решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николовски: Бугарија нема да прифати резолуција без контра-понуда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk