ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Царовска: Дигитализацијата на учебниците не е тренд, туку реална потреба на учениците

April 25, 2021 11:35
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Целата реформа на образованието е фокусирана на потребите на учениците. Најавените промени носат предизвици и за родителите и за наставниците, што е вообичаено кога се случуваат реформи, рече министерката за образование и наука Мила Царовска одговарајќи на новинарски прашања. „Учениците на таа возраст имаат потреба од современи алатки, кои за период од 20 години ќе им бидат потребни за да можат да се справуваат со предизвиците со кои тогаш ќе живеат“, рече Царовска.

Беспредметно е да се делиме за и против дигитализација кога целиот свет се дигитализира. Дотолку повеќе што државата и образовниот систем покажаа дека за само еден месец можат да ја трансформираат наставата и таа во континуитет веќе три тромесечја се одвива дигитално, што само пред две години се сметаше за невозможно. “Никогаш не сме сигурни со какви предизвици нашата држава и нашите ученици ќе треба да се справуваат за три, пет, седум години. Дигитализацијата не е тренд, таа е потреба. Не само затоа што полесно пристапувате до материјалот, туку затоа што содржините, коишто можат да бидат поставени во дигитален учебник се многу посовремени, поинтересни и поскокотливи за учениците, за да ги заинтересираат“, посочи Царовска. На учениците им се здодевни содржините во застарените и неприлагодени учебници, кои не можат да го задржат нивното внимание. Нивниот свет се дигиталните уреди, тие постојано се изложени на анимација, но таа не може да се постави во печатен учебник. Од друга страна, реформата не значи исфрлање на учебникот, и како што нагласи Царовска, тоа е погрешна слика што некој се обидува да ја постави.

Министерката ги повика родителите да се информираат и детално да ги следат одговорите на прашањата што ги пласира Министерството за образование и наука, како надлежна институција и да не подлегнуваат на партиски манипулации на социјалните мрежи.

„До лани, главна дискусија меѓу родителите беше тежината на ранците и на секоја родителска средба се дискутираше како да ги спасиме учениците од тешките ранци со неквалитетни учебници, коишто се непотребни. Дигатилизацијата е едно од решенијата за тоа. Но, учениците добиват и можност да добијат хартиена верзија, аудио верзија, верзија на Брајово писмо, што за прв пат се поставува, за да можат сите ученици да имаат пристап. Со дигитализацијата и помалубројните етнички заедници ќе добијат учебници на мајчин јазик. Тие до вчера немаа учебници затоа што некој немал интерес да им ги испечати, не му било исплатливо, но со дигитализацијата тие ќе бидат достапни на сите јазици“, рече министерката. Дигитализацијата значи и насочување и интерактивно учење на ученикот. Ученикот учи дека не е еден изворот на информирање, туку се повеќе. На овој  начин за прв пат се прави обид за драстичен скок во квалитетот на наставниотматеријал. Но, од прво до трето, кога учениците имат потреба од стекнување на вештини и знаења и создавање на однос кон книгата, учебниците се печатени, со соодветни илустрации и бои. При тоа, секој наставник ќе треба да посочува и дополнителна литература. Дигиталните учебници се изготвуваат за четврто одделение, по новата наставна програма, заради тоа што таа бара интерактивност и ги насочува учениците кон истражување и решавање на проблеми.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Скриншот

Подарена гитара на „Лед зепелин“ проценета на 50.000 фунти пред аукција

July 25, 2025
Скриншот

Хоророт „Заедно“ се соочува со тужба за авторски права

July 25, 2025
Димитар Николовски

Николовски: Бугарија нема да прифати резолуција без контра-понуда

July 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Поранешниот украински врховен командант Залужни предупредува дека војната со Русија може да трае до 2034 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Патриотизам за домашна употреба: Резолуцијата што ѝ штети на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Фокусот е во Брисел, не во Софија – резолуцијата е за рејтинг, не за решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николовски: Бугарија нема да прифати резолуција без контра-понуда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk