Можете да видите дека нашиот полигон Криволак е претворен во вистинско градилиште. Кога пред неколку години покажавме дека сме многу амбициозни во поглед на нашето членство во НАТО, многумина не беа такви оптимисти. Покажавме дека амбициозноста носи резултати. Меѓутоа истата амбициозност ја покажавме и за развојот на полигонот Криволак. Ова го истакна министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска на Криволак.
Шекеринска и амбасадорката на САД, Кејт Брнз ги посетија припадниците на Армијата на Република Северна Македонија и на вооружените сили на САД, кои заеднички работат на изградба на нови содржини на полигонот „Криволак“, пред почетокот на меѓународната вежба, „Одлучен удар 21“, којашто ќе се реализира во периодот од 17 мај до 2 јуни на АП „Криволак“.
На вежбата, предвидено е да учествуваат околу 2.000 припадници од армиите на САД, Грција, Бугарија и од Република Северна Македонија. До самото започнување на вежбата, ќе се реализираат повеќе инженериски активности, уредување на полигонот „Криволак“, што ќе овозможи беспрекорно реализирање на вежбовните активности.
-Денеска можете да видите дека и оваа амбициозност носи резултати и дека навистина од Криволак создаваме полигон кој нема да има само македонска и регионална вредност, туку ќе биде вредност и шанса за Алијансата. Сето тоа ќе беше невозможно без нашите палнови, нашата армија, се разбира и без поддршката на нашите сојузници.Денеска сиве овие конструкции се резултат на сојзуничката работа,на мкедонските војници и офицери и на американскит еинженерци. Денеска видовме колу е напредната работата во поглед на неколку капацитети на Криволак, коишто ќе го направат вистински НАТО ресурс, рече министерката.
Таа информираше дека на полигонот се успеа за многу кус временски период да се изгради една полетно слетна писта за беспилотни летала.
-Се разбира дека денеска можевте да ги видите и изградбата на овие магацини коишто ќе служат како магацини за целата поддршка на вежбите оваа година и следни години, а ќе можете да ги видите и двете стрелиштата за оклопни возила со подвижни и со неподвижни мети, соопшти Шекеринска.
Сиве овие капацитети се капацитети коишто се градат за вежбата оваа година која што ќе биде најголема вежба во СМакедонија и на која што ќе се соберат војници од АРМ на РСМ, на САД, но и на Бугарија и Грција. Тоа ќе бидат ресурси и секоја следна вежба.
-Во моментиве додека дискутираме за развојот на Криволак, размислуваме не само за вежбата оваа или следната година, туку размислуваме долгорочно. Целта ни е овој ресурс да биде ресурс со којшто нашето членство во НАТО ќе покаже многу видливи резултати за сите сојузници и ќе донесе шанса и за локалната економија, ќе донесе шанса и за зголемување и засилување на нашиот имиџ кај најнов член на Алијансата. Од она што го чув и од американските и од нашите војници и офицери, навистина правиме нешто што ќе остави белег, додаде министерката.
Можевме да добиеме помош од нашите сојузници, рече таа, заради тоа што и ние инвестираме во нашите капацитети.
-Денеска нашите инженерци се овдека не само со нивното знаење и искуство, туку со целосно опремен инженерски баталјон. Кога знаете сами да си помогнете и вашите сојзуници на подобар начин ќе ви се придружат. Секојпат кога го посетуваме Криволак гледаме изменет полигон и тоа покажува дека овде времето не се губи, туку се користи со целосен капацитет, изјави Шекеринска.
Задоволство од посетата на Криволак изрази и амбасадорката Брнз.
– Јас сум навистина импресионирана од огромниот напредок што го постигнаа инженерците од АРМ на РСМ и од САД во последните два месеци од полседната моја посета. Навистина сум возбудена што за помалку од еден месец нашите војници заедно со војниците од СМ и од други важни членки на НАТО ќе вежбааат заедноа во рамките на една многу важна вежба на овој полигон. Благодарана сум на министерката Шекеринска што го препозна потенцијалот на овој плогион и заложбите да се развие овој полигон за АРМ на РСМ и за НАТО. Ми беше мило што имав можност да слушнам од нашите инженерци од САД многу пофални зборови за нивните колеги од АРМ на РСМ како тие заеднички работат и се надевам оваа работа и овој проект ќе продолжи да се развива и понатаму, нагласи амбасадорката Брнз.
извор: МИА





