ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски: Не може да се сноси одговорност ако за нешто преземате мерки, а кога ќе говорите за принципиелност, погледнете го Зијадин Села кога ќе седне до вас и потсетете се на сликите од 27 април

April 26, 2021 18:19
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во својата реплика пред пратениците на 39. седница – Собрание на Република Северна Македонија, министерот Спасовски истакна: „Кога се говори за лична одговорност, јас можам лична одговорност да имам во тој момент ако се случуваат криминални активности, а јас не покренувам постапка. Па ако имате фалсификување на пасоши и лични карти – а да не повикате на одговорност за таа работа. Ние имаме уапсени луѓе и поднесени кривични пријави! Можам да одговарам доколку ги гледаме, а не ги апсиме оние коишто шверцуваат дрога, оружје, мигранти итн. Можам да одговарам, исто така, ако не ги користам парите на даночните обврзници, така како што вие сте пропишале во Буџетот, како Собрание, а не ги подобруваме условите за работа и сл.

Значи, ако треба да се одговара, треба да се понесе одговорност во моменти кога навистина од некаков намерен, па дури и ненамерен пропуст вие тоа го правите. Меѓутоа, сметам дека никако не може да се сноси одговорност ако за нешто преземате мерки! И, впрочем, она што го споменувате, и за Специјалното јавно обвинителство и сите овие кривични пријави, сѐ она што се случува и сѐ она за кое што сме се бореле, е сработено од истражители од МВР. Сите овие истраги до една кои што се направени, кога ретко кој можеше во тој момент да се прикаже дека е член на опозицијата, јас со мојот тим бевме во Министерството за внатрешни работи, тони и тони хартија предадовме во Обвинителство за тие многубројни предмети коишто ги водеше СЈО. Тоа време на неказнивост, па макар и на полициски службеници – помина! Тоа време е поминато, а еве само неколку факти“.

Покажувајќи фотографии од собраниската говорница, министерот Спасовски потсети: „Овој е човекот кој како вработен во МВР на снимка се гледаше како шмрка кокаин, а седи со претседателот на ВМРО во Прилеп. Тоа е истиот оној со којшто заедно ја поднесовте интерпелацијата….или седи заедно со бившиот градоначалник на Прилеп. Е тоа е неказнивост! И непринципиелност! Да се гласа, да се поднесува интерпелација заедно со оние луѓе коишто ја направија оваа слика во Собранието на 27 април?! Кога ќе говорите за принципиелност, погледнете го Зијадин Села кога ќе седне до вас, и тогаш можеме да зборуваме за принципиелност  во однос на настаните“.

Next Post

Кавачкиот клан му подготвувал убиство на црногорскиот вицепремиер Абазовиќ

НАЈНОВО

Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

„Лукоил“ најави продажба на своите меѓународни подружници поради санкциите

October 28, 2025

НИС нема одговор зошто се блокирани милион барели казахстанска нафта за Србија

October 28, 2025
ВИ

По земјотресот во Турција со јачина од 6,1 степен, повеќе од 100 последователни потреси

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk