ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски: Реконструиравме 54 објекти на МВР, набавивме униформи и опрема, пловни објекти и мотоцикли за полицијата, обезбедивме средства за бонус плати

April 26, 2021 13:01
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Според министерот Спасовски, за постигнување на добрите резултати во работењето голема улога имаат и добрите услови кои раководството на МВР ги обезбедува за работа на вработените.

„Со враќањето во МВР, продолживме со реализација на заложбата за севкупно подобрување на професионалните услови за работа на полициските службеници, преку продолжување на проектот за реконструкција и изградба на полициските станици. Ова се рефлектираше со комплетно завршени градежни активности во периодот септември-декември 2020 на објектите на Аеродромската база Петровец и Полициското одделение Жеровјане, ОВР Гевгелија, ОВР Крива Паланкаи Полициска станица Бит Пазар, како и со изградбата на Центарот за санирање од катастрофи во Прилеп и на новите современи форензички лаборатории во Скопје“, истакна Спасовски, додавајќи дека и во 2021 година се продолжи со ист интензитет, па комплетно се реконструирани Регионален центар Југ, ОВР Кавадарци, Полициското одделение Дојран и објектот на ОВР Ресен, а во моментов интензивно се работи на реконструкција и санација на СВР Куманово, Полициското одделение Ростуше, како и објектот во касарна „Илинден“ за потребите на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“. Започнати се активностите за изградба на комплетно нов објект за ПС Аеродром, а министерот Спасовски најави дека за многу скоро ќе започне и реновирањето на објектите во Прилеп, Чашка и Крушево.

„Впрочем, во таа насока говори и процентот на реализација на буџетските средствата во 2020 година во делот на капиталните расходи, кој на изнесуваше 98%, во споредба со реализацијата од само 17,43% до моето повторно враќање во министерството. Или, ако ги споредиме првиот квартал на 2020 година со првиот квартал во оваа 2021 година, односот на степенот на реализација на капитални расходи е 5,74% наспрема 17,85%“, посочи Спасовски.

„Почитувани пратеници и граѓани! Горд сум што за период од три и пол години, реконструиравме 54 објекти. Притоа, ја зголемивме и енергетската ефикасност и употребата на обновливи извори на енергија: поставуваме соларни панели, ПВЦ врати и прозорци, а склучивме и рамковна спогодба за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди, со што ги исфрламе старите грејни тела и одиме кон зелена енергија, односно придонесуваме за заштеди во буџетот и намалување на загадувањето на животната средина. Големо внимание посветуваме и на набавка на опрема и униформи за вработените. Во текот на оваа и наредната недела пристигаат комплет униформи за Единицата за брзо распоредување, Единицата за обука и подршка при ОСПО, како и Единицата на интервентна полиција при СВР Скопје. Минатиот месец Одделението за претходница и сообраќајно-ескортно обезбедување при Одделот за заштита на определени личности и објекти, по цели 12 години доби на користење нова мотоциклистичка опрема, а за првпат полициските службеници во оваа организациска единица на министерствотодобија два вида на опрема – зимска и летна.

За обнова на униформи и опрема во буџетот за оваа година имаме обезбедено близу половина милијарда денари, што е еден од највисоките износи во историјата на министерството“, подвлече министерот за внатрешни работи и потсети дека истовремено се обезбедени и средства за исплата на бонус плата на вработените во МВР за оствaрени над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво во текот на 2020, кои ќе бидат исплатени во јуни, а веќе се исплатени бонус платите за 2017 и 2018 година.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Кина предлага создавање меѓународна организација за вештачка интелигенција

July 26, 2025
Извор: Valérie Batselaere/MSF

„Лекари без граници“: 652 деца починале од неухранетост во Нигерија за само шест месеци

July 26, 2025

САД прогласија група блиска до Мадуро за поддржувач на тероризам

July 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се лизгаат како дожд низ керамиди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Фокусот е во Брисел, не во Софија – резолуцијата е за рејтинг, не за решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николовски: Бугарија нема да прифати резолуција без контра-понуда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нејмар се враќа во Европа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од недела пад на температурите со локален пороен дожд и ветер

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk