„Пратениците од ВМРО ДПМНЕ се под строга контрола од Будимпешта и од Белата палата, тие не делуваат самостојно. Тимчо Муцунски од ВМРО ДПМНЕ е претседател на собраниска комисија и никако не сака да закаже седница, бара начин постојано како да се одложуваат седниците на комисиите. На граѓаните им е преку глава од игрите на опозицијата.
Додека ние бараме начин како да се справиме со здравствената и економската криза, имаме над милијарда евра владина помош до сега, опозицијата продолжува со блокадите и постојано бара начин како да не работат. Наместо да им излеземе на граѓаните во пресрет и да им го олесниме животот тие продолжуваат со инаетот.“- изјави пратеникот на СДСМ, Миле Талески, во “Утрински брифинг“.