ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Насилството од 27 април во Собранието, предупредување како не треба да биде

April 27, 2021 14:04
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Четвртата годишнина од насилствата во Собранието поминува во знакот на повторни нагласени несогласувања помеѓу претседателот на Собранието Талат Џафери и владејачките партии и опозициските партии, како од македонскиот така и од албанскиот блок. На денешен ден пред четири години во Собранието се случи најтешкиот инцидент кога пратеници беа тепани од граѓани кои насилно влегоа во објектот. За овој настан има пресуди и осудени лица, но тој се уште предизвикува различни дилеми како меѓу политичарите, така и меѓу граѓаните.

На 27 април 2017 година првпат за претседател на Собранието беше избран токму Џафери, кој беше првиот Албанец на оваа функција. Во месеците потоа тој правеше обиди за помирување на политичките партии и страни, но настанот остана во колективната меморија како еден од најнегативните дотогаш, а последиците од него ги засегнаа не само политичарите, собраниските служби, обезбедувањето, полицијата, но и новинарите и медиумските работници.

Џафери неодамна изјави дека овие насилни настани, според него, никогаш не требало да се случат и тоа не смеат да се повторат.

– Мислам дека мозинството од тогаш наваму направи исчекор во помирувањето, но не смее да се заборави за да се имаат предвид искуствено да не дозволи друга гарнитура да се повтори тоа, рече претседателот на Собранието.

Запрашан што мисли за пресудите што се однесуваат на новинарите кои беа вечерта во Собранието, тој рече дека не му се баш логични одлуките на судот, но во принцип не би се мешал во одлуки на друга власт.

– Во која било форма сите бевме натепани (физички или психички) што бевме внатре, без исклучок, рече Џафери, додавајќи дека тоа се процедури кои веројатно треба правно да се допрецизираат, а соодветните институции кои ја набљудуваат нивната работа ќе го кажат свој конечен став.

Премиерот Зоран Заев денеска потсети на лузните што ги носи како еден од учесниците на, како што рече, непосакуваните настани од 27 април 2017 година и ја испрати пораката – да не се повтори никогаш повеќе, ни во Северна Македонија, ниту било каде во светот.  

-Ќе го споделам уште еднаш чувството дека тој 27 април 2017 година два часа и 15 минути секоја секунда јас, колегите пратеници и новинарите околу нас чекаа да го изгубат животот. Буквално секоја секунда вековиште беа тие два часа и 15 минути. Денеска да се организира собир за да се даде поддршка на осудени луѓе кои се обидоа на очиглед на јавноста  јавно да убиваат и ликвидираат новинари, камермани, пратеници во Собранието е или забеганост или е соучешниство, ништо друго, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање.  

Со свој став денеска излегоа политичките партии од владејачкото мнозинство, а во неделата опозициската ВМРО-ДПМНЕ одржа мирен протест во одбрана на како што нагласија „уставобранители“ кои се во затвор за овој случај.

За владејачката СДСМ, 27 април е најцрниот датум во историјата на македонската демократија, 27 април е крвавиот печат на ВМРО-ДПМНЕ.

-Вооружени насилници поттикнати од ВМРО-ДПМНЕ упаднаа во Собранието обидувајќи се да убијат пратеници, да повредат новинари и вработени во собраниските служби, да го урнат уставниот поредок и државата да ја втурнат во провалија. Тие насилници кои беа придружувани и од Христијан Мицкоски пред македонското Собрание, не се, ниту некогаш ќе бидат уставобранители, тие се само насилници, бранители на криминалите на Никола Груевски, нагласуваат од СДСМ.

Четири години подоцна денес, нагласуваат од оваа партија, наместо извинување и осуда, целата јавноста гледа како Мицкоски цврсто стои на браникот на криминалот и насилството, стои во одбрана на осудените насилници за крвавиот четврток. Според СДСМ, тоа покажува дека ништо не е сменето во опозициската партија, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ е истото предводено од Груевски. Тоа е насилничка партија, која сака одново да гази врз слободата, врз демократијата, да се пресметува со неистомисленици, да шири омраза и поделба меѓу граѓаните.

-СДСМ, заедно со граѓаните нема да дозволи да се заборави 27 април, нема да дозволи никогаш да се повтори, нагласуваат од владејачката партија.

 

 

Се огласи и ДУИ, која апелира до сите политички партии да се заложат дека 27 април повеќе нема да се повтори.

-ДУИ го осудува говорот на омраза што се слушна за време на протестот организиран во недела во одбрана на обвинетите и осудените лица за настаните од 27 април 2017 година во Собранието на РСМ. Појавувањето на менталитетот од пред 2001 година не му личи на едно мултиетничко општество и држава како што е Република Северна Македонија бидејќи тоа го отежнува континуираното градење на доверба меѓу нашите народи, се посочува во соопштението од ДУИ. На овој протест организиран од ВМРО-ДПМНЕ, според ДУИ, се архаични и регресивни идеи што треба да бидат осудени од
сите учесници на протестот и истите да се дистанцираат за да не се идентификуваат со нив.

-ДУИ беше, е и ќе остане посветена на функционирањето на земјата како што и прилега на земја-членка на НАТО и земја која во блиска иднина има за цел да стане дел од Европската Унија, нагласуваат од оваа партија.

 

На 27 април 2017 година, учесници во протестите организирани од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, кои бараа отфрлување на т.н. „Тиранска платформа“ и одржување нови парламентарни избори, насилно упаднаа во законодавниот дом. Околу 19 часот маскирани лица беа пропуштени од собраниското обезбедување и упаднаа во салата за новинари. Настанот резултираше со насилство од страна на демонстрантите, кои физички нападнаа повеќе пратеници и новинари. Со тешки телесни повреди се здобија Зоран Заев, Зијадин Села, како и Радмила Шекеринска.

Обвинети дека биле организатори на настаните од 27 април 2017 се поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељановски, кој е првообвинет, поранешните министри за транспорт и врски и за образование Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски и поранешниот шеф на УБК Владо Атанасовски. Тие се гонат дека сториле кривично дело. Тие се гонат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Случајот го води судијата Илија Трпков и се наоѓа во доказна постапка, последното рочиште што се одржа на 25 март годинава беше одложено поради болест на еден од членовите на судечкиот совет.

Меѓу осудените за овој случај е и поранешниот директор на БЈБ Митко Чавков. Тие се неправосилно осудени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Процесот се водеше против вкупно 33 лица, а по донесувањето на Законот за амнестија беа амнестирани 15 од нив.

За обид за убиство и учество во толпа беа осудени уште деветмина, а затворски казни добија и лицата кои се обидоа да го убијат Зијадин Села.

извор: МИА

Next Post

Фетаи: Очекувам посилно темпо во борбата за правда и против криминал

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk