„Скандалозно беше целото тоа со претседателот Иванов кога требаше да го предаде мандатот на Зоран Заев. Од 1990 година наваму, сите конститутивни седници траеле ден до два, во 2017 година, ни поминаа четири до пет месеци.
Отсекогаш влада правеле оние кои имале политичко мнозинство. Замислите, сега имаме локални избори и градоначалници кои сега се на позиција да ги изгубат изборите, но потоа да се заклучат во кабинетите и да не ја предаваат функцијата на победникот од изборите.“- изјави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, во „Само вистина“ на Канал 5. Тој потсети дека ВМРО ДПМНЕ манипулирале со граѓаните кога ги заплашувале со Тиранската платформа и мигрантската криза, се со цел нелегетимно да останат на власт. „Господин што е сега во Будимпешта повика да не седат луѓето во папучи дома, туку да излезат надвор и потоа се случија немирите на 27 април. Каде им се сега сите работи со кои манипулираа на протестите во 2017-та? Каде се сега мигрантите, каде е Тиранската платформа, што тогаш ги користевте за да играте со емоциите на граѓаните, после четири месеци се виде дека нема да можеме да формираме влада, иако имаме мнозинство во параментот.“- дополни Шилегов.